4.9 C
Ohrid
недела, февруари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаОхрид тагува, почина најголемата охридска легенда Томчо Балабан

Охрид тагува, почина најголемата охридска легенда Томчо Балабан

spot_img

Црни облаци вечерва надвиснаа над Охрид, починa најголемата охридска легенда, почина човек кој беше симбол на поновата историја на Охрид, почина Томчо Балабан.

<

Ни замина онака како што и живееше, брзо, не остави сите ние кои го познававме без збор, со болка во срце, скршени од тага. Да , знам дека повеќе нема да се пее исто „Запри Дожду“, нема повеќе да ја пееме „Обич“ на Лили Иванова, замина таму кај неговата љубена Марџе, исто онака како што беше опеан во песната на Копров на Охридските Трубадури „Песма за Томчо Балабан“….

Да и нема да биде иста душата на охридската чаршија, на онаа охридска калдарма, каде ќе ни остане да чекаме, од некаде да се појави Томе, секогаш ведар, позитивен , Боем со преголемо срце , она срце за три светови , кое ете во својот живот се изборило со многу поголеми и пострашни нешта ,него сега од проклетата светска наезда.

Растев сиот свој живот така блиску и така далеку до чичко Томе, знаевме многу нешта да си споменуваме, да си раскажуваме згоди и незгоди, да побарам совет тогаш кога ми било најпотребно, едноставно човек кој во душата имаше голема добрина, а во мозокот преголема мудрост, човек од кого можеше да научиш она најскапото, животна школа.

Секогаш елегантен, одмерен, оштроумен, човек кој внимаваше на секој свој потег,на секој свој збор, но од друга страна неустрашиво храбар, човек кој никогаш не нвалил глава ниту кога пред него се навоѓале најголеми државници, да тоа беше Томчо Балабан.

Чичко Томе беше истакнат опшествено политички работник. Во својот работен век обавувал голем број на државни функции, бил директор на повеќе фирми во СРМ и еден од најзаслужните за пробивот на градежните фирми од Македонија, во Полска, Либија, Чешка, Источна Германија. Чичко Томе беше по професија Правник и долгогодишен претседател на охридскиот суд, но ќе биде запомнат како човек ,кој на никому не му нанел зло. После неговото пензионирање продолжи со својот работен ангажман во адвокатската канцаларија на неговиот син Емил Балабан,секогаш ведар и секогаш подвижен.

Реткост е да се пронајде човек како Томчо Балабан,кој имал толку многу пријатели, ама искрени ширум свет, едноставно каде и во која земја да патуваше Томчо, секогаш беше пречекуван од негови искрени пријатели.

Посебна заслуга Томчо Балабан има и во преговорите за осамостојување на Македонија по распадот на СФРЈ,.

Томчо Балабан почина денес во 84 година од животот по кратко дводневно боледување, но зад себе остави синот, ќерка, внуци, пријатели кој се горди што го имаа Томчо за татко, дедо, роднина, пријател.

Повеќе ништо нема да биде исто. Почивај во мир чичко Томе, почивај онаму со праведниците, знам дека бескрајно беше вљубен во тетка Марџе, повторно ќе сте заедно, и ако има живот на оној друг свет, а верувам дека има, знам дека и таму ќе и ја пееш на тетка Марџе „Запри дожду“, знам дека таму веќе те чекаат безброј искрени пријатели, почивај во мор голем човеку.

За крај, би сакал да те испратам со она твојата песна, која живите ќе ја пеат и понатаму, онаа песна во која ти вечно ќе живееш во срцата на твоите најблиски и во срцата на охриѓани.

Охрид Скај

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Благодарение на медиумите, скопјанката Гордана го пронајде кученцето Зои.

Скопјанката Гордана Брњарчевска Дренкоска после тринаесет денови потрага пред половина час гопронајде нејзиното куче Зои. Таа заврши во болница откако, како што сведочеше, неколку...

Од тага по кучето, жена од Скопје заврши во болница.

Скопјанката Гордана Брњарчевска Дренкоска тринаесети ден го бара нејзиното куче Зои. Таа заврши во болница откако, како што сведочи, неколку пати добила повици од...

Телото пронајдено при ископ е на Славе, штипјанецот по кој се трагаше шест месеци

Штипјанецот Славе Димитриевски, по кого се трагаше од 14-ти август лани, е лицето чие тело беше пронајдено утринава, при ископ во Штип. Информацијата ја потврдија...

Случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале бомба.

Вчера во 11:05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба. Местото е...