15.9 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаСветБел тартуф тежок 900 грама, продаден за 100.000 евра!

Бел тартуф тежок 900 грама, продаден за 100.000 евра!

spot_imgspot_img

На добротворна аукција, која традиционално се одржа по 21-ви пат во италијанскиот град Алби во Пиемонт, беше продаден бел тартуф за сума од 100.000 евра. Оваа сума на пари за печурката тешка  900 грама ја понуди кинески претприемач од Хонг Конг кој сакаше да остане анонимен.

Патем, веќе 89 години, ова место е домаќин на голем број саеми за бел тартуф, во чии рамки се одржува и оваа аукција. Но, поради моменталната состојба со пандемијата, таа се одржа преку Интернет, а сите собрани пари беа наменети за добротворни цели. Според италијанските медиуми, биле собрани вкупно 482.000 евра.

Минатата година примерок тежок нешто повеќе од еден килограм беше продаден на аукција за 120.000 евра, а парите беа наменети за здружение од Хонг Конг кое им помага на децата без родители, како и за центар во Москва кој помага во истражувањата на карциномот кај децата.

Од продажбата на тартуфи се заработуваат 500 милиони евра годишно

Заинтересирани луѓе од целиот свет можеа да се пријават на видео-аукцијата, а местото на одржување на аукцијата е познато по белите тартуфи и производството на вино. Околу 200 000 луѓе, секоја година се  собираат таму, во периодот од 21 септември до 31 јануари. Според tekdeeps, тие заработуваат просечно 500 милиони евра годишно.

Потрошувачката на овие печурки датира уште од библиски времиња, па дури и тогаш била типична за некои области на Медитеранот. Уште од средниот век, може да се докаже сè пошироко распространетата гастрономска употреба на црни тартуфи во северните и европските земји. Најчесто собран вид во лето, е тартуфот со  латинско име  Tuber aestivum, кој е распространет низ цела Европа.

Тартуфите главно растат покрај корените на некои видови дрвја како даб, топола, бука, габер, леска, бука, липа и врба. Тие се посебен тип на печурки бидејќи немаат дршка како повеќето габи, но нивните плодни тела растат под површината на земјата.

Одгледувањето на тартуфи, засновано на садници од микориза, е меѓународно прифатено и се однесува на професионален метод за нивно одгледување. За да се подигне плантажа со тартуфи, најпрво потребни се садници од соодветни видови на дрвја, кои на својот  корен имаат  мицелиум од овие габи.

Корист од оваа симбиоза имаат и тартуфите и дрвјата

Овие габи целосно го обвиткуваат  коренот и ослободуваат голема количина хифи кои одат од неговата површина во почвата и му помагаат на растението да користи многу поголеми количини на хранливи материи и вода од почвата. Придобивката пак што габите ја имаат од од растението е тоа што го  земаат вишокот на сложени јаглехидрати и други асимилати кои не можат да ги произведат самостојно.

Извор: Агроклуб

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Вејце ниту се простува, ниту се заборава“ – Македонците паметат! Горат социјалните мрежи на годишнината од крвавиот масакр

Социјалните мрежи се преплавени со објави по повод 23-годишнината од масакрот кај Вејце, откако од заседа и ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и...

Ахмети: Ништо нема да ѝ се случи на земјата, ако ги ставиме Бугарите во Уставот!

Ние мора да ги решиме проблемите со соседните земји. Ништо нема да ѝ се случи на земјата, ако ги ставиме Бугарите во Уставот. Охридскиот...

23 години од масакрот кај Вејце кога беа ѕверски убиени, а потоа запалени 8 македонски херои

Денеска се одбележуваат 23 години од масакрот кај Вејце — најкрвав и најбрутален масакр во поновата историја на Македонија. Масакрот се случи на денешен ден,...

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...