12.9 C
Ohrid
петок, април 25, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Полека но сигурно Македонија ќе биде нов регионален центар на иновации.

Заев: Полека но сигурно Македонија ќе биде нов регионален центар на иновации.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во постковид ерата која е пред нас час поскоро треба да ги впрегнеме сите алатки како што е и акцелераторската лабораторија во изнаоѓање на иновативни решенија кои за сите нас ќе создадат економски патеки, кои се пред се зелени, инклузивни и праведни.

<

Ова го изјави премиерот Зоран Заев во обраќањето по повод официјалното отворање на нова акцелераторска лабораторија на УНДП во Скопје, која е дел од најголемата и најбза мрежа за споделување знаења за одржлив развој и опфаќа 116 земји во светот.

Премиерот Заев, посочи дека, како дел од стратегиите на оваа Влада за прв пат имаме таканречен Национален старт ап совет кој правикраткорочна и долгорочна стартегија за трансформација на македонскиот старт ап еко систем . ФИТР, додаде тој, е сериозно посветен на овие цели, но и на креоирање инвестициски фонд со кој сериозно ќе се подобрат моделите на финансирање на микро и почетните бизниси.

-Една од најважните лекции кои ги научивме во целиот овој кризен период е дека добрите решенија доаѓаат преку дијалог, вмреженост, отворена мисла, критички став и капацитет за адаптација. Затоа во сорабнотка со УНДП и поддршката на Владата на Велика Британија започнуваме отворен и инклузивен процес за пишување на националната развојна стратегија за следните 20 години. Само преку вклучување на целото општество во националните развојни процеси можеме да се осигураме дека ќе стигнеме до најдобрите решенија и дека никој нема да биде запоставен. Ќе продолжиме во истатаа оваа насока заедно со нашите стартешки партнери да градиме пријателства, да разменуваме искуства, а со тоа да градиме зелена просперитетна бизнис иднина за сите наши граѓани, рече Заев.

На конференцијата по повод отворањето на акцелераторската лабораторија преку видео врска се обрати и администраторот на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Ахим Штајнер, од неговата канцеларија во Њујорк, кој истакна дека работата на 92 акцелераторски лаборатории кои се дел од претстваништвата на УНДП и локалните иновациски екосистеми е од огромна важност.

-Членовите на лабораториите истражуваат, експериментираат и градат портфолија на меѓусебно зајакнувачки решенија си цел да се справат со предизвиците на денешницата како загадувањето на воздухот, управувањето со отпадот, разорниот социо-екоомски импакт на КОВИД – 19 врз најранливите категории и ред други, рече Штајнер.

Во 2021 година акцелераторската лабораторија во Македонија ќе се фокусира на иницијативви за забрзување на систематски трансформации и реформи во јавниот секктор, кои ќе ги унапредат практиките за добро владеење базирани на пристапот за целосно општетство. Лабораторијата ќе ја поддржува земјата и во справување со проблемите поврзани со работните места на индината и ќе соработува со Град Скопје на развој на портфолио на интрервенции со кои ќе се адресираат главните развојни предизвици.

На настанот насловен „Трансформација на системи – креирање на иднината” свое излагање предвидени се на светски реномирани говорници на тема „трансформација на системи”. Поради ограничувањата за справување со пандемијата, настанот ќе биде од хибриден карактер каде што поголемиот дел од говорниците и гостите ќе учествуваат преку онлајн врска.

Акцелераторските лаборатории на УНДП, кои ги има во 116 земји во светот, имаат за цел да развијат нови и иновативни пристапи за справување со комплексни глобални предизвици како климатските промени, пандемиите и нееднаквоста. Дел од лаборатории се отворени со помош на Федералното министерство за економска соработка на Германија и на Фондот за развој на Катар како и главните партнери на УНДП. /МИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Симона Стојкова се огласи на Фејсбук: Објавата е лажна, не сум исчезната!

Симона Стојкова – жената по која цела држава трагаше, воопшто не ни била пријавена за исчезната во полициска станица. Таа ноќеска се огласи на својот...

Исчезнувањето на Симона не е пријавено во МВР!

Дали Симона, поради чие наводно исчезнување се крена земјата на нозе, навистина е исчезната? Официјално, барем до сега, никој не пријавил исчезнување на лице...

Христово Воскресение 2 ден во Дортмунд- Германија

Христово Воскресение 2 ден Дортмунд ____ На вториот ден Велигден,Македонската Црковна општина св.Кирил и Методиј од Дортмунд имаше чест да биде посетена од Неговото Високо преосвештенство...

Исчезната е Симона Стојкова- Доколку некој има информации веднаш да пријави во МВР !!!

Краток опис Симона Стојкова има кафена коса и кафени очи со висина од 175 см и е на возраст од 35 години. Носи наочари и...