12.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаЗахариева -Недозволиво е во 21-ви век да не се признаваат правата на...

Захариева -Недозволиво е во 21-ви век да не се признаваат правата на самоопределување“,Во Македонија има над 100 000 бугари

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Како што се наближуваат изборите во Бугарија, така и се засилува реториката на бугарските власти кои Македонија ја користат за добивање на политички поени со изјави кои најчесто се комични и се косат со реалноста.

<

Шефицата на бугарската дипломатија во интервјуто за „БНТ“ порача дека во Македонија во 21-ви век не се признава правото на самоопределување.

„Недозволиво е во 21-ви век некој да не го признава правото на самоопределување“, изјави Захариева коментирајќи ја анкетата на која од 25, дури 24 гледачи истакнале дека спорот на Бугарија со Македонија нема да биде решен.

„Ние сме доследни во политиката. Некои луѓе беа многу изненадени што кажавме „не“ за преговарачка рамка. Позицијата на Бугарија сепак е иста од 2019-та. Ние сметаме дека има забавено исполнување или недостиг на исполнување на задачите од македонска страна на Договорот за добрососедство со Македонија“, истакна Захариева обвини дека 100 илјади бугарски државјани во Македонија биле „заплашувани“.

„Над 100.000 граѓани имаат и бугарско државјанство и понекогаш се заплашувани. Недозволиво е во 21-ви век да не се признаваат правата на самоопределување“, порача Захариева.

Додека Захариева обвинува за некакво „заплашување“ и “непризнавање на право на самоопределување“, неодамна Европскиот суд за човекови права директно ја осуди Бугарија поради повреда на правото за здружување односно одбивањето на Софија да регистрира македонско здружение.

Станува збор за здружението „Македонски клуб за Етничка толеранција во Бугарија“ во Благоевград кое, во 21-ви век не добива дозвола за регистрација, односно Софија одбива да го регистрира здружението затоа што е на македонското малцинство, односно затоа што според неговата дејност треба да ги негува и афирмира македонските етнички обележја и традиции различни од бугарските.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...