Вечерва големо апсење спроведува БЈБ при МВР под водство на директорот Сашо Тасески на патот Струга-Дебар, пред влезот во село Велешта. Полицијата продолжува со акцијата за ставање на криминалците зад решетки. Во акција на Отсекот за потраги и специјалците „Тигри“, уапсени се двајца браќа од семејството Бојку, Ербен и Бесник. Ербан се барал за издржување затворска казна од 21 година, а Бесник поради поседување оружје.