26.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаСтојанче Ангелов: Ако нема попис ќе го изгубиме тоа што го добивме...

Стојанче Ангелов: Ако нема попис ќе го изгубиме тоа што го добивме во 2001 со оружје..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На денешен ден пред 20 години македонските безбедносни сили го ослободија Тетовско кале од припадниците на ОНА, завземајќи ги нивните борбени позиции, потсети денеска Стојанче Ангелов, лидер на партијата Достоинство и учесник во воената 2001 година како борец и полициски генерал. Ангелов рече дека Достоинство предлага овој ден да биде прогласен како Ден на македонските бранители и да се одбележува со собири секоја година во интерес на мирот и соживотот во земјава.

<

Ангелов нагласи дека станува збор за прва чиста воена победа за време на тогашниот вооружен конфликт, со комбинирана воено – полициска акција.

„Како тогашен командант на единица бев првиот што се искачив на Тетовското кале, таму затекнавме повеќе тешки митралези со кои беше стрелано врз нас, потоа автоматско оружје, рачни фрлачи, гранати, рачни бомби и друга опрема”, рече тој, кој со свои соборци го посети местото од кое тогаш се повлекоа силите на ОНА.

Ангелов рече дека Достоинство предлага овој ден да биде прогласен како Ден на македонските бранители и да се одбележува со собири секоја година.

Пораката ќе биде не да се враќаме во минатото туку да одбележуваме за да не се повтори и да градиме мир и соживот, нагласи Ангелов.

Тој рече дека треба да се води сметка и да не се прифати барањето на Алијанса за Албанците и на Алтернатива за лесно добивање на државјанство со само тројца сведоци, бидејќи тоа може да нанесе штета, не само во однос на етнички баланс, туку и заради заканите дека со амандмани ќе блокираат битни економски закони за граѓаните.

Ангелов апелира и до организаторите на евентуални идни протести заради осудителните пресуди за обвинетите во предметот Монструм, да нема воинствена реторика на меѓуетнички план и да не дозволат инфилтрација на некогашни структури на УЧК кои имаат други цели – насочени против стабилноста и соживотот.

Лидерот на Достоинство ги повика граѓаните и дијаспората масовно да се регистрираат на пописот и да не дозволат, како што рече, тоа што беше брането во 2001 година со оружје преку бојкот на статистичката операција да биде загрозено.

mkd.mk

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...