12.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаПендаровски: Срам за земјата е граѓани да се вакцинираат во Србија, државата...

Пендаровски: Срам за земјата е граѓани да се вакцинираат во Србија, државата мора да овозможи здравствена заштита тука

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Шефот на државата упати личен апел до приватните болници да ги намалат цените за лекување на ковид-пациентите и им порача дека никој не треба да ги искористува личните трагедии за профит
За да нема сомнеж за злоупотреби, на Советот за безбедност е договорено функционерите да се пријават за вакцинација преку веб-страницата на Министерството за здравство и да се вакцинираат тогаш кога ќе им дојде редот, како и на сите други граѓани
Вакцинирањето мора да се спроведе во најдобар ред и така да остане до целосна имунизација на населението. Прекини во процесот не смее да има.

<

Ова го побарал шефот на државата Стево Пендаровски на седницата на Советот за безбедност. Тоа што немаше вакцини, па граѓани изминатиот викенд масовно одеа во Србија да се вакцинираат, рече претседателот, е срам за државата.

„Такви слики едноставно не може да се повторат. Благодарност до Србија, но тоа беше срам за нашата држава. Едноставно државата мора да пружи здравствена заштита тука. Точно е дека се потпиравме на Ковакс, кој задоцни 2 месеци, точно е дека верувавме во Солидарниот фонд на ЕУ, точно е дека од 5 најбогати членки на ЕУ ниту една нема вакцинирано ниту 5% од населението, точно е дека според СЗО околу 80 проценти од вакцините се распоредени во 10 земји во светот. Но тоа нашите граѓаните не ги интересира“,

изјави Пендаровски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...