Почина поранешниот обвинител Марко Зврлевски на 60 годишна возраст.

По кратко боледување, на 60-годишна возраст, почина поранешниот републички обвинител Марко Зврлевски, соопшти Јавното обвинителство.

Тој починал како компликации од ковид-19.

Зврлевски беше роден на 04 декември 1960 година во Дебар. Основно и средно образование завршува во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Работното искуство го започнал при Македонската академија на науките и уметностите (1988-1989), по што кратко време работел и како новинар во МРТ.

Најголемиот дел од кариерата Зврлевски се занимавал со јавнообвинителска работа. Започнал како приправник по правна струка во тогашното Општинско јавно обвинителство во Скопје (1989-1991), потоа бил стручен соработник (1991-1998), па адвокат од областа на казненото право (1998-2000), за потоа да стане заменик-јавен обвинител во Основното јавно обвинителство – Скопје; (2000-2005).

Во декември 2005 година беше распореден во Одделението за гонење на сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција, а по трансформирањето на одделението, беше избран за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Од ноември 2009 до јануари 2013 година раководеше со Основното јавно обвинителство – Скопје, а од јануари 2013 година беше именуван за Јавен обвинител на Република Македонија која функција ја извршуваше до август 2017 година.

Последните години тој работеше како адвокат.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here