1.9 C
Ohrid
сабота, јануари 25, 2025
ПочетнаМакедонијаСе огласија од партијата на убиецот Палчо: Изразуваме најдлабоко и најискрено сочуство...

Се огласија од партијата на убиецот Палчо: Изразуваме најдлабоко и најискрено сочуство за загубата на два човечки живота, младата Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

spot_img

За прв пат, по три дена се огласија од политичката партија „Десна“ откако стана јасно дека нивниот претседател извршил две убиства. Од партијата велат дека се соочени со шок и неверување.

<

„Пред се, изразуваме најдлабоко и најискрено за загубата на два човечки живота, младата Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На семејствата на жртвите им изразуваме најдлабоко сочувство за загубата на нивните најблиски. Политичката Партија Десна, за своите членови и претседателот на партијата, доколку се докаже дека се виновни, бара да бидат најстрого казнети. Во меѓувреме апелираме да се почитува уставно загарантираната Презумција на невиност на осомничените и обвинетите, додека не се докаже спротивното“, велат во објавата на друштвените мрежи.

Од таму додаваат дека пред Обвинителството и органите на прогонот претстои тешка и деликатна задача во целост да ги разоткријат сите елементи на овие настани.

„Заради тоа, ние членовите на партијата, им стоиме на располагање на органите на прогонот, со цел на расветлување на кривично правниот настан и изведување пред Судот на сторителите на овие грозоморни случаи. П П Десна, согласно Статутот на партијата, ќе ги замрзне членството, функциите и активностите на обвинетите до крајот на процесот“, додаваат од политичката партија „Десна“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Притвор за двајца полицајци од Битола оддавале службена тајна

На 24.01.2025 од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за криминалистичка полиција и СВР Битола...

Се запали автобус на ЈСП во Сопиште

Автобус на Јавното Сообраќајно Петпријатие (ЈСП) денеска се запали во Општина Сопиште, пренесува МИА. Засега нема детали, и не е позната причината за запалувањето на...

Новиот експресен пат Ранковце – Крива Паланка денес го однесе првиот човечки живот

Експресниот пат Ранковце-Крива Паланка во должина од 25,5 километри како што е познато пред 20 дена беше отворен за сообраќај. За жал денес овој пат...

Вработена тепала колешка во болницата во Охрид

На 24.01.2025 во 13:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека вработена во Општата болница во Охрид физички нападнала своја колешка која извршувала работни...