27.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаБугарија ја затвора истрагата – само мртвиот возач е виновен за загинувањето...

Бугарија ја затвора истрагата – само мртвиот возач е виновен за загинувањето на 45 македонски државјани

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Истрагата за сообраќајната несреќа на автопатот Струма, во Бугарија, во која загинаа 45 граѓани на Северна Македонија е завршена, изјави за БТВ истражителот на бугарската Национална истражна служба Младен Петров.

<

Заклучокот од истрагата е дека единствена причина е човечка грешка на возачот, а поради непостоење на виновно однесување, случајот речиси сигурно ќе биде затворен.

Младен Петров изјави дека само однесувањето на возачот на македонскиот автобус е причина за настанување на таквата состојба и несреќата. Проверени се сите претпоставки за присуство на запаливи течности во автобусот и јасно е утврдено дека такви немало. Според истражителот, истрагата утврдила дека видливоста била добра и немало магла.

Бугарскиот тим истражители, исто така, ја отфрла верзијата дека ознаката можеби е причина за несреќата. Според Петров, хоризонталните ознаки на патот и страничните ознаки биле малку избледени, но не и невидливи.

– Средната, централна линија што ги дели лентите е прилично светла и секако видлива, рече Петров.

Во конкретната ситуација, насочувањето на автобусот на „Беса транс“ од активната коловозна лента и ударот во заштитната ограда довело до продирање и уништување на конструктивни елементи, притисок на резерворот за гориво и компресија на неговата содржина.

– Ова е придружено со обилни искри од триење, кое ја достигнало потребната температура и притисок за да се запали горивото, изјави истражителот Младен Петров.

Тој најави дека сега се чека преглед на мислењето на истражниот тим, кое ќе го вршат обвинители.

– Треба да се вклучат жртвите, роднините на загинатите и преживеаните патници. Нашето мислење е дека нема виновно однесување што е причинско-последична врска за овој резултат, рече Петров, посочувајќи дека истрагата најверојатно ќе биде прекината.

Инаку, во несреќата што се случи во Бугарија на автопатот Струма загинаа 45 македонски државјани меѓу кои и 12 деца. Меѓу загинатите се и двајцата возачи кои го управувале автобусот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...