5.9 C
Ohrid
сабота, април 10, 2021
Почетна Македонија Mицкоски: Откако ја објавив аферата со пасошите во МВР добивам заканувачки пораки,...

Mицкоски: Откако ја објавив аферата со пасошите во МВР добивам заканувачки пораки, но ако ми се случи нешто знам кои се.

Translate (Eng):[gtranslate]

Дали Спасовски ќе ме апси мене незнам, треба да го праша Заев, најверојатно ќе тргнат кон тоа. Ништо чудно и за мене тоа да се случи. Проблемот е како ние да го поразиме криминалот. Овде мафијата има своја држава, изјави Христијан Мицкоски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ.

Државата е засрамена и земја која сака да биде земја кандидат за ЕУ. После ова многу процеси ќе бидат рефидирани. Ние имaме мафија која управува со инситуции, која управува со системот и која управува со нашите животи. Треба да се обединиме против мафијата, ако сакаме да имаме државата , изјави Мицкоски.

На прашањето од новинарите дали лидерот Мицкоски има закани по објавувањето на аферата, тој одговори

РЕКЛАМА

Има такви закани, но мотивот е се поголем. Од чудни телефонски броеви ми испраќаат чудни пораки, но не им се плашам , ако ми се случи нешто знам кои се. Јас сум се нафатил на оваа работа и стојам на чело на ВМРО-ДПМНЕ затоа што мојата намера е да расчистиме еднаш засекогаш со овие криминални политички гарнитури. Покрај сите закани и уцени кои ги примам секојдневно, можам да порачам само дека нема никогаш да престанам и дека оваа борба ќе ја водам се додека оваа власт не падне, а потоа сите до еден да одговараат пред лицето на правдата. Македонија не смее да остане земја на криминал”изјави Мицкоски.

Зошто не пуштат потерница по овие луѓе што ги добија пасошите праша Мицкоски.

- Реклами -