16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаЗабаваСе огласи згодната аптекарка Ана: Сами сте виновни ако ги загубите мажите,...

Се огласи згодната аптекарка Ана: Сами сте виновни ако ги загубите мажите, а јас не ви сум крива што сум секси и што сум вдовица..

– На сите жени можам да им порачам дека ако ги загубат мажите, самите се виновни. Нека размислат за тоа, вели самоуверено 45-годишната Ана Милановиќ, која стана вистинска ѕвезда буквално преку ноќ.

Оваа медицинска сестра од Крагуевац стана позната благодарение на видеата кои ги објавува на Тик Ток, а буквално преку ноќ ја „стресе“ цела бивша Југославија. На оваа мрежа ја следат повеќе од 50 000 фанови, а признава дека има и додоворувачи.

– Свесна сум дека сум пожелна и не се срамам од тоа. Секси сум, некогаш и смешна, но никогаш вулгарна што е најважно. Не гледам што има лошо во тоа маж да види убава жена и да и даде комплимент. Една, веројатно, љубоморна жена оставила коментар „заради една ваква од Тик Ток јас го загубив мажот“. Не сакав да и одговарам, но на жените можам да им порачам ако си ги загубат мажите, не се виновни други жени, туку тие самите. Нека размислат за тоа, вели Ана.

За тоа што поминува време на оваа мрежа вели виновен е корона вирусот и состојбата која подразбира изолација и недружење.


– Сестра сум во ковид-одделение на интензивна нега каде секојдневно умираат луѓе. Стресот на мојата работа со која се бавам 25 години врвот го достигна за време на короната. Кога ќе ми заврши смената одам во мојата аптека. Дома сум мајка. Додека работам си смислувам што да снимам и која песна да ја претставам. Се снимам сама, со телефон. Сама се шминкам, облекувам, и во еден ден правам петнаесетина видеа, објаснува Ана.

Вели дека е вдовица, а мажот и починал пред три години.

– Не сакам никој да ме сожалува, да ме теши и гледам во секоја ситуација да најдам нешто добро, вели оваа рускокоса медицинарка.

Пишува:Вечер

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...