Петар Богојески: Мицињата злоупотребуваат малолетно девојче, нечие дете, за политичка пропаганда?!?

Нели им е срам на психопатните мициња што злоупотребуваат малолетно девојче, нечие дете, за политичка пропаганда?!?, вака лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески ја започнува својата објава на Фејсбук каде ги коментира сликите од девојче кое држи транспарент во знак на поддршка на вчерашните протести што се оддржаа пред Собранието.

– Оваа слика без сокриен лик на детето, мицињата ја споделуваат на сите можни социјални мрежи!
Има ли институции во оваа монти пајтон држава да ги заштити правата на ова дете?!?
Има ли надлежна гнида во администрација, што зема плата да спречи злоупотреба на дете во политичка пропаганда, од страна на воздрасни бандити од политички партии?!?
Еден ден сечие и наше дете може да биде вака злоупотребено!!! Срамота е да молчиме и да го оставиме ова дете на милост и немилост на политички деликвенти, само затоа што не е наша ќерка и само затоа што нејзиниот татко е во затвор и е немоќен да ја заштити!!!

Итно, итно Влада на Република Македонија со сите нејзини надлежни институции да преземат мерки за заштита на ова дете!!!
Итно, итно Јавно Обвинителство на Република Македонија да отвори истрага за злоупотреба на дете во политички цели и да поднесе кривични пријави за секое едно ѓубре кое тоа го направило!!!

Доста е веќе со оваа мизерија!!!
Одбивам да живеам во вакво дно од држава!!!
Се од корен да се исчисти!!!
Ова дете на никого ништо не е должно и ништо не погрешило!!!
Стоп за бандити во политика!!!, стои во неговата објава на Фејсбук.

ОСТАВИ КОМЕНТАР