23.9 C
Ohrid
понеделник, септември 20, 2021
Почетна Македонија KАМ: Докажавме дека во нашиот производ нема глушец, а лицето кое ја...

KАМ: Докажавме дека во нашиот производ нема глушец, а лицето кое ја објави фотографијата на социјалните мрежи ќе биде тужено !!

Translate (Eng):[gtranslate]

КАМ ДОО Скопје ги демантира тврдењата во врска со случајот од 4 април годинава, кога потрошувач на Фејсбук објави дека во замрзнатиот т.н. царски микс на зеленчуци, купен во еден од нивните маркети, е пронајден глушец.

Според КАМ, случајот, спротивно на законските прописи, непотврдено бил изнесен не само на социјалните мрежи, туку и во одделни медиуми, при што биле доведени во заблуда јавноста и потрошувачите.

Компанијата тврди дека по спроведувањето на сите законски утврдени анализи и проверки од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, резултатите ја потврдиле исправноста на производот.

РЕКЛАМА

-Веднаш по објавувањето на непотвредената информација на 04.04.2021 како што налагаат интерните процедури, компанијата најодговорно ги презема сите мерки вклучително и повлекување на производот од продажба. Исто така, со цел детално истражување на случајот, компанијата постапи согласно одредбите на Законот за заштита на потрошувачите и Законот за безбедност на храна, како и пропишаните постапки за заштита на правата на потрошувачите. Компанијата КАМ во насока на справување со јавното ширење на неосновани тврдења и невистини, кои воедно претставуваат обиди за нарушување на довербата на потрошувачите и деловниот углед на компанијата, одлучно ги презема неопходните законски постапки за изнесување на случајот пред лицето на правдата, наведува КАМ во демантот.

Компанијата додава и дека ќе продолжи секојдневно доследно да ги спроведува најдобрите светски практики и европски стандарди за безбедност на храната.

 

Информацијата за пронајден глушец во „царскиот зеленчуков микс“ на КАМ ја сподели советникот на Општина Битола, Иван Чулакоски на 4 април 2021. Во својата фејсбук-објава тој ги повика Владата, Агенцијата за храна и ветеринарство и Националната канцеларија за заштита на потрошувачите да го проверат случајот, но го „тагираше“ и КАМ.

По објавените вознемирувачките фотографии на Чулакоски, веднаш следниот ден се огласи Агенцијата за храна и ветереринарство. Соопшти дека е наредено производот да биде повлечен од сите рафтови во државава.

-Поради сомнеж за физичка контаминација ( присуство на страно тело – глушец) во замрзнат зеленчуков микс „Сани фантази – Царски микс” по потекло од Република Србија, увезен од КАМ ДООЕЛ, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде забрана за промет на овој производ и нареди негово повлекување од рафтовите на КАМ маркетите на цела територија на државава. Издадена е наредба на операторот со храна да изврши сопствена проверки на секоја серија/лот од овој производ, во сите маркети каде е пласиран овој производ, на територијата на цела држава, наведе АХВ.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски истакна дека АХВ ќе изврши вонредни инспекциски надзори и ќе провери дали пласираните количини од овој производ се повлечени од малопродажната мрежа. Извршени ќе бидат, дополни, и органолептички прегледи на одредени примероци, од секоја серија/лот на овој производ, а примероци за контрола на микробиолошките критериуми за безбедност на производот ќе бидат испратени за лабораториско испитување.

-Доколку потрошувачите купиле ваков производ, пред консумација внимателно да го отворат и прегледаат и доколку утврдат присуство на страни тела, истиот производ да го вратат на местото на купување и за тоа да ја известат АХВ, соопштија од АХВ.

За овој случај што беше објавен на социјалните мрежи, до АХВ не беше поднесена претставка.

-Како одговорна институција за безбедноста на храната, апелираме ваквите случаи место на социјалните мрежи, да се пријавуваат кај надлежните институции, потенцираа од АХВ

- Реклами -