10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот на Бутел и убиениот Идризи биле комшии и добри другари...

Градоначалникот на Бутел и убиениот Идризи биле комшии и добри другари…

spot_img

Од детство, од четири години, па се до вчера, бевме заедно. Јас го знам многу поразлично. Мене ми бил другар цел живот, помал е, сум го сакал, сум го дружел, изјавил градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски за убиениот Камер Идризи. Во изјава за А1он тврди дека биле блиски со починатиот и не видел ништо лоѓо од него.

<

„Јас, како што го зборат, не сум го доживеал никогаш во живот. Тоа што сум му кажал некои работи, во принцип ме слушал. Како постар брат, бидејќи со неговиот починат брат и другиот брат, сме биле комшии, другари. Секој има своја приказна, јас не сум видел лошо од него. Во принцип сум го карал, бил помал. Комшија од дете ми е, кога моите родители ја изградиле куќата, тие ја добиле бараката. Сум немал ниту работа, ниту бизнис, туку било чисто другарство. За мене секогаш бил во ред“, вели Смилевски.
Идризи имаше 43 години. Тоа е истото лице кон кое беше пукано во престрелката во 2019 година кај скопскиот хотел Александар Палас.

Идризи секако и е добро познат на полицијата, а синоќа во критичниот момент бил во возило марка „голф“ на раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски Карпош“. Од возило во движење, кон Идризи и негов помал внук кој бил со него во автомобилот биле испукани неколку десетици куршуми најверојатно околу 80.

Идризи почина а внук му се бори за живот во „Мајка Тереза“

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...