22.9 C
Ohrid
недела, јули 13, 2025
ПочетнаМакедонијаКотлар: Решиле тие „пет историски личности и три историски периоди да делат...

Котлар: Решиле тие „пет историски личности и три историски периоди да делат со Бугарија“, небаре бавчата од татко им ја мереле и делеле

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Познатата професорка по историја Наташа Котлар Трајкова реагира на укажувањата од власта дека мешовитата комисија со Бугарија за историски и образовни прашања затворила повеќе прашања. Котлар преку Фејсбук им порачува дека така се прави стамота и грев за татковината.

<

Еве ја во целост нејзината реакција:

НЕ МОЖЕ, да настапувате и да ни ја навредувате ученоста, интелегенцијата и трудот! Срамота и грев за татковината и за народот! Неодоливата глупавост и ароганција во настапот на северните политичари за „заедничката историја“, достигнаа планетарни размери. Ми ти решиле тие „пет историски личности и три историски периоди“, неверојатно, небаре бавчата од татко им ја мереле и делеле! Наскоро и Гоце Делчев ќе го решеле „во духот на заедништвото“! Тоа се произволности, господо, будалаштини, кои воопшто немаат допирна точка со научната работа – историската дејност. Историјата, како меморија (антрополошки) и како научна и образовна дисциплина (нормативна) воопшто не зависи од вашите политички изјави и неразумни постапки. Кој е тој научен авторитет – институции (државни и јавни) кои ја определиле и дефинирале флоскулата „заедничка историја“ со бугарскиот или со кој било друг народ, па вие, сте го презеле тоа знаење, за да понатаму, настапувате со таа „вистина“ сред македонскиот народ заради фалсификување на неговата историја? Присобраните 3-4 комисисти по вокација историчари, во случајов не се научен авторитет, туку само политички инструмент за вашите нерзумни, агресивни и ненародни политики. Државните и националните интереси се бранат со учениот и професионален настап на институциите, а историјата, од научните институции!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Крвава семејна веселба во Прилеп: Двојно убиство и самоубиство!

Прилеп е во шок по вчерашната трагедија во една од градските населби, каде што заложничка драма заврши со тројца загинати. Според првичните информации од...

МВР одобри 24-часовна полициска заштита за Данела Арсовска

МВР ѝ одреди 24-часовна заштита на Данела Арсовска по серија закани и инциденти. Министерството објави детали за сите случаи и апелира за институционална соработка. Одлука...

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...