16.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонија360: Гордана Силјановска можна кандидатка на ВМРО ДПМНЕ за уставна судијка

360: Гордана Силјановска можна кандидатка на ВМРО ДПМНЕ за уставна судијка

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Откако вчерашната тензична седница на собраниската Комисија заврши без официјални предлози за кандидати за уставни судии, извесно е дека изборот на наследници на судиите Елена Гошева, Сали Мурати и Никола Ивановски нема да се случи на пленарната седница што почнува денеска.

<

Претседателот на Комисијата за избори и именувања Костадин Костадинов најави дека дополнително ќе закаже продолжение на седницата на ова тело, на која треба да се затворат и други кадровски прашања. Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, пак, во изјава за „360 степени“ не негираат дека би дале и свои предлози за кандидати за уставни судии, на продолжението на комисиската седница, кое очекуваат да се одржи откако, како што велат, „ќе легне прашината“ од вчерашното тензично заседание.

Неофицијално, како можна кандидатка за уставна судијка, предложена од опозицијата, се спомнува актуелната пратеничка и кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори во 2019 година, Гордана Силјановска-Давкова, која инаку е универзитетска професорка по уставно право.

Не се исклучува можноста вакво решение да биде прифатливо и за СДСМ, иако оттаму велат дека право на мнозинството е да предложи и поддржи кандидати за кои смета дека би биле најсоодветни и најкомпетентни за функцијата. За избор на нови уставни судии се потребни 61 глас, кои власта ги има на располагање. Поради тоа, покрај Иванова, како втор кандидат се споменува адвокат од Битола, кој исто така има поддршка од СДСМ, додека третото испразнето место би било пополнето со истакнат правник од помалите етнички заедници.

Инаку, Силјаноска е единствената пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ која гласаше против Законот за легализација на дивоградби, во чие донесување учествуваа и владејачките СДСМ и ДУИ, по договорот што беше постигнат на премиерот Зоран Заев со опозицискиот лидер Христијан Мицкоски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...