15.9 C
Ohrid
четврток, март 13, 2025
ПочетнаМакедонијаМамичка се радува од небото: Наполни една годинка ќеркичката на Јасмина Василковска,...

Мамичка се радува од небото: Наполни една годинка ќеркичката на Јасмина Василковска, донор на органи…

spot_img

Неодамна уште една жена донор на срце и бубрези спаси три човечки животи. Се работи за 40-годишната Јасмина Василковска, која за жал не успеала да го преживее мозочниот удар. Јасмина зад себе остави, тогаш 10-месечно бебе. Министерот Венко Филипче се сретна со семејството на Јасмина, им вети поддршка и дека секогаш ќе биде тука кога ќе треба да им се помогне.

<

Денеска семејството на Јасмина Василковска го поканила министерот Филипче на роденденот на ќеркичката на Јасмина, Лара, која првиот роденден го прослави без мама.

„Среќен роденден Лара ❤️ Денеска ја запознав ќерката на Јасмина Василковска, жената донор на срце и бубрези, која неодамна спаси три човечки животи. Семејството ме покани во нивниот дом за да го запознаам ова девојче кое денеска полни 1 година. Голема да растеш Лара, здрава, безгрижна, храбра и секогаш насмеана. Благородноста и хуманоста наследи ги од твоето семејството кое остави вечен белег во историјата на македонското здравство“, напиша Филипче на својот Фејсбук профил.

ММС

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...

Овчар предизвикал пожар и направил штета од 196 илјади денари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишен жител на Тетово за кого постои основано сомнение дека во Скопје сторил кривично...