14.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаСветНајголемата измама во светот на криптовалутите:Двајца браќа исчезнаа со 3,6 милијарди долари

Најголемата измама во светот на криптовалутите:Двајца браќа исчезнаа со 3,6 милијарди долари

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Двајца браќа од Јужноафриканската Република исчезнаа со вредност од 3,6 милијарди долари во криптовалутата биткоин. Се сомнева дека тие пари ги добиле со измама преку нивната компанија за инвестирање во криптовалути, пишува Блумберг.

<

Инвеститорите сега ја ангажираа адвокатската фирма од Кејптаун, од каде велат дека не можат да ги лоцираат браќата и дека случајот го пријавиле кај таканаречените „Орли“, елитна единица на јужноафриканската национална полиција, пренесува Индекс.

По зголемувањето на вредноста на биткоинот во текот на изминатата година, исчезнувањето на околу 69.000 биткоини – вредни повеќе од 4 милијарди долари на неговиот врв во април – би биле најголемите пари некогаш изгубени во измама со криптовалути. Овој инцидент може да ги поттикне напорите на регулаторите ширум светот да воведат ред на пазарот поради зголемениот број случаи на измама.

Инвеститорите се сомневаат во измама

Првите знаци на проблемот се појавија во април, кога биткоинот беше на рекордно ниво. Извршниот директор на “Африкрипт”, Амер Каџи(20 години), постар од исчезнатите браќа, ги информирал своите клиенти дека бил жртва на хакери. Тој побарал да не го пријавуваат нападот кај адвокатите и властите за да го забават процесот на враќање на исчезнатите пари.

Некои скептични инвеститори не му веруваа, па ангажираа свои адвокати, односно компанијата Ханеком, додека посебна група започна процес на ликвидација против Африкрипт.

-Веднаш се сомневавме дека нешто не е во ред, бидејќи објавата на Африкрипт ги молеше инвеститорите да не преземаат никакви правни мерки – велат адвокатите на Ханеком.

-Работниците во Африкаприпт го загубија пристапот до платформата седум дена пред наводниот хакерски напад, додаваат тие.

Парите исчезнаа без трага

Во понатамошно истражување, адвокатите открија дека сите пари од инвестициската фирма Африкрипт биле префрлени од сметките во Јужна Африка и дека биле префрлени преку мешавина од разни други крипто-валути за да се отежне неговото пронаоѓање. На повик на мобилниот телефон на Каџи се уклучува секретарка.

Каџи и неговиот брат Реис (19) го отворија Африкрипт во 2019 година и првично им понудија на своите клиенти огромна заработка од инвестицијата – до 10 проценти.

Ова, сепак, не е прв случај на измама од ваков вид во Јужноафриканската Република. Минатата година пропадна Mirror Trading International, компанија која тргуваше со криптовалути. Тогаш исчезнаа околу 23 илјади криптовалути во вредност од околу 1,2 милијарди долари, што беше наречено најголема измама во 2020 година во светот на криптовалутите.

Досега, исчезнувањето на парите на Африкрипт е дури трипати поголемо.

Случајот со Африкрипт го водат и јужноафриканските финансиски власти, но во моментов е невозможно да се отвори официјална истрага бидејќи криптовалутите во таа земја не се сметаат за легални финансиски средства. И полицијата, сè уште не даде коментар за ова.

Проблем со криптовалутите има и Кина, особено во последните неколку недели, кога ескалираше нивната борба против таа форма на тргување. Имено, бидејќи вредноста на биткоинот постепено се зајакнуваше во текот на изминатата година, Комунистичката партија на Кина се повеќе се грижи за потенцијална измама, перење пари и загуби од страна на инвеститорите во криптовалути.

Во Јужна Африка во јануари, дневната вредност на тргувањето со криптовалути за прв пат надмина 141 милиони долари, што сугерира значителен апетит на инвеститорите на пазарот, што регулаторните тела обично не го контролираа, заклучува Блумберг.

ДЕНАР.МК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Арсовска му возрврати на пратрникот Ковачев: Имам чешки пасош, бугарски немам !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во гостување во „Тешки муабети го демантира европратеникот Андреј Ковачев кој објави дека наводно Арсовска е бугарски...

Видео: Семејствата на загинатите го исвиркаа кочанскиот градоначалник, тој го откажа најавениот концерт

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, вечерва се појави пред семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, кои одржаа протест, гневни...

После лавината реакции, Кочани се откажа од прославата по повод празникот Петровден.

Почитувани сограѓани, Животот продолжува, но трагедијата во дискотеката „Пулс“ нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на...

Андреј Ковачев: „Нападот врз Арсовска е напад врз бугарски државјанин“

Европратеникот Андреј Ковачев го осуди инцидентот со скопската градоначалничка Данела Арсовска, нарекувајќи го „уште една загрижувачка атак врз бугарски државјанин во Северна Македонија“. Сериозно сум...