17.9 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: ЛГБТИ заедницата ја има мојата поддршка за каузата која значи еднаквост

Заев: ЛГБТИ заедницата ја има мојата поддршка за каузата која значи еднаквост

spot_imgspot_img

Во пресрет на утрешната Парада на гордоста, Премиерот Зоран Заев преку својот фејсбук профил и даде поддршка на ЛГБТИ заедницата.

ЛГБТИ заедницата ја има владината и мојата поддршка за каузата која значи еднаквост и која последните четири години слободно се манифестира во нашето едно и еднакво општество, а на јавните простори во Скопје и со организацијата на #SkopjePride, напиша на фејсбук премиерот Зоран Заев пред утрешната парада на гордоста.

– Го делам ставот дека никој не е слободен додека секој еден не се ослободи затоа што нашата заложба за „Едно општество за сите“ ќе се реализира целосно кога секој глас ќе биде слушнат и најважно од сѐ – прифатен како еднакво важен со сите други. Манифестираме европски и солидарни манири среде Балкан. Ова е нашиот нов Балкан, слободен, човечки и разновиден. Повикувам здружно да продолжиме да работиме на рушење на ѕидовите и креирање нов и подобар свет за сите нас, напиша Заев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Османи: Дали да нацртам? Без ДУИ нема Бадентер, без Бадентер нема влада

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. На прес-конференција тој...

,,Тигрите” ќе го пречекаат Палчо на Скопскиот аеродром

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската...

Почина таткото на Тоше Проески.

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. –Светол патот, татко...

Министерка на СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за масакрот врз бранителите кај Вејце

Крајно несериозна и уште повеќе неодговорна е изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска во која тврди дека бранителите во заседата кај Вејце загинале...