12.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаПрилепчанецoт Методија работел како главен механичар на болидите за “Формула 1”

Прилепчанецoт Методија работел како главен механичар на болидите за “Формула 1”

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Мајсторот за формула 1 болидите, после 40 години во Германија, Методија Талески, веќе 12 години, е пак прилепчанец. Многу е подвижен И енергичен. Со лесно ги носи своите 77 години. Ужива во прегратките на природата со планинарите и сам често се дружи со прекрасната убавина, не само на Прилеп. Затаена му е само пасијата за лов на дивеч. Со голема прецизност ги изработувал оштетените делови од болидите на Формула 1, за што Германците знаеле добро да го наградат, да ги минува пензионерските денови мирно со лаф муабет в чаршија.

<

Работел како дреар на дребонг во специјализирана фабрика во Келн, во која покрај деловите за болидите се изработувале и делови за нуклеарните централи. Како искусен мајстор на занаетот, се јавил на конкурсот објавен во весник и тоа на 54 годишна возраст, откако ја напуштил претходната фирма.

– Петнаесет години бев на штрек и дење и ноќе, и делник и празник да им излезам во пресрет во отстранување на ситните дефекти во подготовките на болидите на Тојота за трките на Формула 1. Често ме будеа во малите саати за навреме да се направи делот и да се транспортира каде и да се тркачките автомобили.

По нацртите на инженерите за најкусо време ги подготвував новите делови да се монтираат на местото од оштетените и најбрзо да се стигне до пистите на трките насекаде низ светот.

Деловите пред транспортот минуваа на прецизна, детална контрола. И во работното искуство никогаш не ми се случи некој дел да направиме по втор пат. Осовинчиња, штафчиња и други елементи изработував со леснотија.

Кога работев во Тојота, беше времето на Шумахер – објаснува во најновиот број на неделниот весник “ЗЕНИТ” Методија Талески.

Целата статија прочитајте ја на “ЗЕНИТ”

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ова е излетаното БМВ со кое побегнал убиецот од Штип! (ВИДЕО)

Во близина на Миладиновци се уште стои оштетен автомобил марка БМВ излетан од коловозот. Според информаците, токму ова возило се користело за бегство по убиството...

Лишени од слобода, лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип На 08.05.2025 во 21.25 часот во СВР Штип е...

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...