27.9 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаМакедонијаРусковска: Груевски со зборовите ''Не Седете Дома По Папучи'' ги натера граѓаните...

Русковска: Груевски со зборовите ”Не Седете Дома По Папучи” ги натера граѓаните да излезат на протестите за 27 април.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој е во бегство, ги повикал граѓаните на масовни протети, односно преку медиум испрати повик: „Народот да не седи дома во папучи, да ја земе судбината во свои раце“ – рече Русковска, известува ПЛУСИНФО

<

Јавната обвинителка Вилма Русковска во Кривичниот суд ги дава завршните зборови за предметот „Организаторите на 27 април“.

Таа ја појасни улогата на секој од обвинетите во организирањето на упадот во Собранието што се случи на 27 април 2017 година. Како што рече, целта било да се спречи мирно примопредавање на власта на новото парламетарно мнозинство, односно назначувањето на Талат Џафери за нов собраниски спикер.

– Тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој е во бегство, ги повикал граѓаните на масовни протети, односно преку медиум испрати повик: „Народот да не седи дома во папучи, да ја земе судбината во свои раце“ – рече Русковска.

Според неа, дел од обвинетите имале задача да ги организираат протестите, а дел да спречат предавање на власта во Собранието.

– Тогашниот собраниски спикер, Трајко Велјановски, требало да оневозможи избор на претседател во Собранието од новото парламентарно мнозинство, со координирање на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Миле Јанакиески и Спиро Ристоски, пак, секојдневно ги организирале протестите. Тогашниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, и вработениот во УБК, Никола Бошкоски, ги мобилизирале членовите на групата, Александар Василевски-Нинџа и Никола Митревски-Кољо и ги договарале деталите за протестите, со цел да се спречи мирно предавање на власта – истакна Русковска.

ИЗВОР: ПЛУСИНФО – целиот линк прочитајте го Русковска за „27 април“: Груевски го повикал народот да не седи дома по папучи, секој обвинет си имал своја задача – plusinfo.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена од Тетово нападната од мечка !!

Жена од тетовското село Синичане во Општина Боговиње била повредена од мечка, информираат од СВР Тетово откако за овој случај биле известени од тетовската...

Пецаков оствари средба со Амбасадорот на Република Ирска, со седиште во Букурешт- Се разговараше за туризмот и политичката состојба во Р.М.

Градоначалникот Пецаков оствари средба со Амбасадорот на Република Ирска, со седиште во Букурешт кој ја покрива и Република Македонија, Брендан Вард. На средбата се разговараше...

Стојанче потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилоти

ДЗС: Ангелов потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилоти Стојанче Ангелов, в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), вчера потпиша договор за...

Скопјанец загина под сопствениот прозор, со мотор го прегазиле на пешачка зона на кеј

Скопјанец загина вчера во страшна сообраќајна несреќа што се случила на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата, или кај објектот „Жабарот“ Според...