22.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаЕ ова се вика домаќинско штедење: Фонтаните во Скопје не работеле...

Е ова се вика домаќинско штедење: Фонтаните во Скопје не работеле затоа што биле скапи играчки на ВМРО ДПМНЕ.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со почетокот на летото, фонтаната „Александар Велики“ и другите фонтани на плоштадот Филип Втори, беа пуштени, но не и фонтаните на реката Вардар и таа која се наоѓа среде плоштад. Фонтаната која е доста атрактивна за граѓаните, особено за децата, е надвор од употреба. На тој дел каде што извираше вода, сега минуваат граѓаните, но со зголемена внимателност бидејќи плочките се изместени.

<

„Освен што не работи фонтаната, овој простор е опасен и небезбеден за движење на граѓаните, бидејќи како што можете да видите, недостасуваат плочки, а останатите се изместени.“, јавува репортерката на ТВ21.

Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху овие две фонтани изградени во рамки на проектот Скопје 2014, ги нарече скапи играчки на ВМРО-ДПМНЕ.

„Двете фонтани што ги спомнавте, кои се дел од проектот Скопје 2014, а ако можам да ги наречам, скапи играчки на минатата влада, со кои се соочуваме ние сега. Деловите за фонтаните се многу скапи, нивното одржување е многу скапо.“, вели Салиху.

Не се знае кога овој простор од плоштадот кој некогаш беше фонтана, ќе остане во ваква состојба. Според она што го кажа Салиху, може да се разбере дека наскоро не се предвидува санирање на фонтаните. Тој вели дека поради состојбата со пандемијата, Градот има други приоритети.

„Во моментов имаме поважни работи за кои би го користеле буџетот на Град Скопје, отколку да се санираат фонтаните. Особено таа кај Вардар, сведоци сте дека откако дојде новата влада, таа не работи, има проблем со системот на фонтаната, но и на другата фонтана, ја саниравме два –три пати и сумите беа многу високи само за санирање“, рече Салиху.

Површинската фонтана беше изградена пред 6 години кога со Скопје раководеше Коце Трајановски, како дел од проект на плоштадот во вредност од 2,5 милиони евра.

Инаку, 35 милиони денари се излеваат на годишно ниво од фонтаните на плоштад Македонија, плоштадот Филип Втори и фонтаните кај паркот Жена Борец кои се наоѓаат во центарот на Скопје.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

15 годишно дете со автоматска пушка го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи...

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...