10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаБојан Маричиќ: Во иднина доколку нападнете новинар, исто како да сте нападнале...

Бојан Маричиќ: Во иднина доколку нападнете новинар, исто како да сте нападнале полициски службеник !!!

spot_img

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, објави дека во Владата поминале измените на Кривичниот законик, со кои заштитата на медиумските работници и на жените се издигнува на многу повисоко ниво.

<

Според министерот, овие измени ќе придонесат за намалување на случаите за напади и закани кон новинари.

„Во иднина нападот врз медиумските работници ќе се третира исто како напад врз службено лице. Воведуваме строги казни за закана за напад врз новинари. Дополнително, во иднина Обвинителството ќе постапува по службена должност при вакви случаи. Ова беше едно големо барање на здруженијата на новинарите, чии претставници активно учествуваа во работната група која ги подготвуваше измените на Кривичниот законик“, изјави Маричиќ.

=Министерот за правда, Бојан Мричиќ, објави дека во Владата поминале измените на Кривичниот законик, со кои заштитата на медиумските работници и на жените се издигнува на многу повисоко ниво.

Според министерот, овие измени ќе придонесат за намалување на случаите за напади и закани кон новинари.

„Во иднина нападот врз медиумските работници ќе се третира исто како напад врз службено лице. Воведуваме строги казни за закана за напад врз новинари. Дополнително, во иднина Обвинителството ќе постапува по службена должност при вакви случаи. Ова беше едно големо барање на здруженијата на новинарите, чии претставници активно учествуваа во работната група која ги подготвуваше измените на Кривичниот законик“, изјави Маричиќ.

 

Дополнително, преку имплементација на Истанбулската конвенција законски се допрецизира заштитата на жените и се внесуваат нови кривични дела, кои досега кај нас не постоеле, а со нив законски се штитат жените од вознемирување и напади.

„Со новото дело демнење предвидуваме строги санкции за вознемирување и преку интернет, нешто што, за жал, се случува сè почесто. Сега тој што неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин се меша во личниот живот на друго лице или со него воспоставува или се обидува да воспостави несакан контакт, со движење во просторот каде што се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на личните податоци, со користење средства за јавно информирање и други средства за комуникација или на друг начин психички го малтретира, вознемирува или застрашува, ќе се казни со глоба или со затвор до три години“, потенцира Маричиќ.

Министерот на прес-конференцијата објави и измени на повеќе закони, меѓу кои и на Законот за граѓанската одговорност, со кој значително се намалува висината на казните што медиумите и новинарите би ја платиле како отштета за клевета и навреда. Од максимални 2.000 евра, со измените оваа сум се спушта до максимални 400 евра.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...