25.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаЛевица- Во време на сиромаштија клубот на Нефи добива 50 000 евра...

Левица- Во време на сиромаштија клубот на Нефи добива 50 000 евра донација од градоначалникот на Охрид

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, со ребаланс на буџетот му додели 2 750 000 денари на ФК Воска, фудбалски клуб во сопственост на Нефи Усеини.
Во една ваква тешка економска ситуација со која е соочено скоро секое охридско семејство, наместо да се одделат средства од буџетот на општината за решавање на социјални проблеми на граѓаните, градоначалникот расипнички ги троши парите на охриѓани, финансирајќи приватни спортски клубови, овој пат спортски клуб на човек од бизнис елитата, контроверзниот Нефи Усеини, градежник со најголем број на дивоградби во Охрид објавувва от Левица Охрид на својата фејсбук страна.
Се има впечаток дека со децении главниот охридски инвеститор, познат и по тепање инспектори, е градоначалник во сенка во Охрид. Зошто оваа контроверзна фигура е толку важна личност за владејачките партии и за СДСМ и за ВМРО-ДПМНЕ? Дали поради тоа што Усеини е личноста која секогаш одлучува за исходот и резултатот на секои локални избори во Охрид со местење на изборите , секако во корист на владејачката коалиција во Р. Македонија, било да е тоа двоецот ДУИ – ВМРО ДПМНЕ или ДУИ- СДСМ.
Повозрасните охриѓани сигурно добро се сеќаваат на инцидентот на локалните избори кога Усеини со пукање од огнена оружје во Делјан, решаваше за исходот на локалните избори, инцидент во кој беше ранет тогашниот претседател на Демохристијанската партија. Оттогаш, Нефи стана најзначајната личност во Охрид и градоначалник во сенка во Охрид.
Останува градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески, СДСМ Охрид и Советот на општина Охрид да дадат објаснување зошто парите на охриѓани се трошат на ваков расипнички начин и тоа пред избори?
Дали и овојпат Нефи Усеини и избирачкото место Далјан, со полнење на гласачките кутии ќе одлучат за исходот на локалните избори? Дали овие средства од буџетот на општината издвоени за ФК Воска всушност треба да бидат дел од предизборниот поткуп на Нефи Усеини?
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР одобри 24-часовна полициска заштита за Данела Арсовска

МВР ѝ одреди 24-часовна заштита на Данела Арсовска по серија закани и инциденти. Министерството објави детали за сите случаи и апелира за институционална соработка. Одлука...

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите- Треба да се грижат за хигиената и зеленилото во општината.

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите. Планира да ги ангажира да ги одржуваат зеленилото и хигиената во Општината. Оние пензионери што седат дома и...