15.9 C
Ohrid
четврток, март 13, 2025
ПочетнаМакедонијаВлада: Премиерот Заев е на одмор, но е во постојана комуникација со...

Влада: Премиерот Заев е на одмор, но е во постојана комуникација со надлежните за пожарите

spot_img

Премиерот, Зоран Заев, е на годишен одмор, но е во постојана комуникација со надлежните во врска со пожарите, велат од Владата.„Премиерот Зоран Заев користи денови од годишниот одмор до 12 август, а е во постојана телефонска и интернет координација со сите ресорни министерства и надлежни институции“, се наведува во соопштението.

<

Од Владата информираат дека во периодот од 3 до 12 август дел од членовите на Владата ќе искористат денови од годишен одмор, а дел од министрите нема да користат одмор во овој период со цел да се обезбеди и теренска и канцелариска координација на активностите.

„Владата секојдневно ги извршува сите свои функции, а согласно состојбата со пожарите министрите секојдневно заседаваат и одржуваат седници преку онлајн видео конференциска врска и навремено и непречено ги носат сите потребни одлуки. Согласно меѓусебна координација, дел од министрите нема да користат денови од годишен одмор во овој период, а со цел да се обезбеди и теренска и канцелариска координација на активностите секогаш и секаде каде што тоа е потребно“, велат од Владата.

Од таму додаваат дека овие денови теренската координација е обезбедена од страна на првиот вицепремиер Артан Груби, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за земјоделство Арjанит Хоџа, министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шакири и Александар Бајдевски, министерката и заменик министерот за образование Мила Царовска и Арафат Шабани, заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши, заменичката министерка за животна средина Христина Оџаклиеска, заменикот министер за труд и социјала Енвер Хусин, заменикот министер за здравство Илир Хасани, заменик министерот за правда Агим Нухиу.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...

Овчар предизвикал пожар и направил штета од 196 илјади денари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишен жител на Тетово за кого постои основано сомнение дека во Скопје сторил кривично...