21.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаПочина пациентка на возраст од 31 година-Преполно е Тетово не знаеме што...

Почина пациентка на возраст од 31 година-Преполно е Тетово не знаеме што ќе биде понатаму

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пациентка на возраст од 31 година починала изминато деноноќие по неколку дневна хоспитализација во ковид – центарот во Тетово поради утврдено присуство на коронавирус. Таа имала и хронична болест, а развила и инфекција на белите дробови, информираше денеска координаторот во ковид – центарот д-р Гзим Нуредини.

<

-Триесет и едногодишната жена имала претходно тешка анемија, а поради коронавирусот имаше развиено и тешка пневмонија. Секој ден има нови приеми на болни, вчера имаше 47 хоспитализирани пациенти. Од нив 40 се на кислородна поддршка,  информираше Нуредини.

И понатаму останува висок бројот на луѓе кои имаат потреба од прегледи поради симптоми на Ковид-19.

-Преполно е Тетово не знаеме што ќе биде понатаму. Амбулантски прегледи укажуваат дека секој ден се влошува здравствената состојба и дека се потенцијални пациенти кои ќе бидат примени. Вчера сме имале 67 пациенти, тоа го кажувам често, бидејќи е знак како ќе се одвиаат работите во идните денови. Сите да се вакцинираат, може ќе ни заврши по две недели, но не знаеме на есен како ќе биде, рече докторот.

Тој како позитивна насока ја оцени одлуката на Министерството за здравство поради големиот број пациенти, дел од нив да биде однесени Инфективната клиника во Скопје. Така, според него, нема да има потреба од реорганизација.

Сител Телевизија

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...