19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаЗабаваСтружанец ја уценувал водителката Мелита дека ќе објави нејзини компромитирачки фотографии, со...

Стружанец ја уценувал водителката Мелита дека ќе објави нејзини компромитирачки фотографии, со цел да и го наруши угледот и честа.

Екс водителката Мелита Ракичевиќ била уценувана од момче од Струга, кој го злоупотребил нивното пријателство, па работата дошла до таму што морала да го пријави во полиција. ММС ја контактираше Ракичевиќ, која ни потврди дека  извесно време била уценувана и дека морала да се обрати во полиција.

-Да вистина е и ќе го тужам затоа што ме малтретираше мене и целото мое семејство. Се дружеше со нас, а сега за да не објавил наши приватни разговори и фотографии ми бара пари. Почна со сума од 2.000 евра па стаса до околу 5.000 евра, потврди Мелита за ММС.На прашањето на ММС што се стружанецот поседува за да ја уценува таа рече:

-Приватни разговори и некои слики од по дома. Па тој година дена ни се правеше семеен пријател, ни доаѓаше дома на гости, а јас нема да се шминкам и дотерувам кога сум по дома. А тој тајно снимал се, секој разговор, ни додаде Мелита видно изнервирана.

Случајот со уценување на Мелита го потврди и МВР.

-СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г.К.(36) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Во јуни 2020 година во Охрид пријавениот се запознал со М.Р., по што интензивно комуницирале на пријателска база и тој цело време тајно ја фотографирал и ги снимал сите меѓусебни телефонски разговори. Откако таа му укажала дека помеѓу нив има само пријателство, тој започнал да ја уценува и ѝ се заканувал дека ќе објави нејзини фотографии со компромитирачка содржина доколку не му даде пари со цел да ги наруши нејзините чест и углед, велат од МВР.

(В.М.)

Фото: Фејсбук

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...