27.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаЗабаваШварценегер бесен на антиваксерите: По ѓаволите со вашата слобода, луѓе умираат

Шварценегер бесен на антиваксерите: По ѓаволите со вашата слобода, луѓе умираат

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Глумецот Арнолд Шварценегер (74) е лут на антиваксерите и смета дека со нивниот став тие придонесуваат за ширење на короната. Ова популарниот Терминатор го кажа во интервју за „Индепендент“, а потоа својот став го објави и во интервју на Инстаграм.

<

„Вирусот е тука, ги убива луѓето и единствениот начин да се ослободиме од него е со вакцинацијата, носење маски и држење дистанца. Треба постојано да ги миеме рацете, а не да размислуваме дека нашата слобода сега е загрозена. По гаволите со вашата слобода, луѓе умираат“, рекол тој за „Индепендент“.

Глумецот и некогашен гувернер на Калифорнија, вели дека луѓето не можат да прават што сакаат ако тоа влијае лошо на другите луѓе. Затоа ги споредил правилата за заштита од коронавирусот со сообраќајните правила:

„Поставуваме семафори за некој да не убие некого на улица. Не можете да кажете дека нема да застанете на црвено светло оти ви се може, бидејќи тогаш сигурно некого ќе убиете“, вели тој.

„Можеби имате слобода да не носите маска, но треба да ги чувате оние околу вас. Не мора да бидете кретени само затоа што ви е дозволено премногу“, додал тој.

Коментарите на Шварценегер предизвикаа различни реакции. Едни се согласија со него, а  многумина му одговорија дека ги разочарал и дека тера политичка кампања, па подобро е да се тргне од политиката.

„Отсекогаш ми бевте пример, но оваа ваша порака навистина ме разочара“, напиша негов следбеник на социјалните мрежи.https://www.instagram.com/schwarzenegger/channel/?utm_source=ig_embed&ig_rid=20fd63c1-707b-4f07-8686-4e5cc391ca03&ig_mid=A6378143-62BA-4045-A092-95E9AC1EF3F7

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...