4.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Нова инвестиција во Македонија со плата од 2.000 евра.

Заев: Нова инвестиција во Македонија со плата од 2.000 евра.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Јужнокорејската компанија „Алмак“ и американската компанија „Дура аутомотив системс“ денеска во ТИРЗ 2 во Скопје го означија почетокот на заедничката инвестиција во Македонија.

<

Станува збор за инвестиција од околу 30 милиони евра кои ќе бидат вложени во изградба на современ објект во кој ќе се произведуваат лесни профили за автомобилската индустрија. Планирано е фабриката да се изгради на површина од 80 илјади квадратни метри и да почне со работа од следната година. Се очекува да се отворат над 70 работни места, а бруто платата за висококвалификуваните кадри ќе биде околу 2.000 евра.

– Ова е уште една потврда за добрите економски политики што ги креираме. Создаваме предвидлив деловен амбиент за инвестиции, извоз, добро платени работни места, а со тоа и раст на економијата. Нашите заложби како Влада се да помогнеме во креирање на добро платените работни места и во таа насока во новата инвестиција се очекува просечната бруто плата да изнесува околу 2000 евра, подвлече премиерот Зоран Заев.

Просечната бруто плата за најслабо квалификуваните кадри кои ќе работат во фабриката, како што посочи Заев, ќе биде 889 евра или просечна нето плата од 580 евра.

Според новите инвеститори, клучни причини поради кои се одлучиле да инвестираат во земјава се стабилниот деловен амбиент, работната сила, инфраструктурата и поддршката што Владата им ја дава на странските инвеститори.

– По истражувањата во многу земји, одлучивме првиот капацитет да го изградиме во Скопје. Изградбата ќе се направи за 12 месеци со модерен дизајн на 80 илјади квадратни метри, рече Џунпајо Парк, претседател и извршен директор на новата заедничка компанија.

Јужнокорејската компанија, како што изјави нејзиниот основач и директор Сојун Парк, ја користи зелената електрична енергија во процесот на производство и 100 проценти ги рециклира остатоците при процесот на производство.

– Ова ново партнерство не симболизира само бизнис, туку спој на две култури, учење на еден од друг и можност да се создаде подобар свет. Ќе работиме на градење успешна приказна на која ќе се гордееме сите, порача Парк.

Од почетокот на годината, вкупниот обем на инвестиции кои почнуваат или се во финална фаза на подготвка е над 120 милиони евра со кои се очекува да се отворат повеќе од 2000 работни места и да се генерира дополнителен извоз над две милијарди евра.

– Успеавме да донесеме далечна инвестиција, не со скапа кампања, туку со добар збор, рече директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски.
Сител Тв

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...