15.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаИсплатени 255,9 милиони денари за субвенции за произведено и предадено млеко и...

Исплатени 255,9 милиони денари за субвенции за произведено и предадено млеко и за женски приплодни маторици

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Исплатени 255,9 милиони денари за субвенции за произведено и предадено млеко и за женски приплодни маторици..
Станува збор за исплата на фармерите кои произведуваат и предаваат овчо, козјо и кравјо млеко. Фармерите кои произведуваат и предаваат кравјо млеко добиваат поддршка од 3.5 денари по литар, додека сите кои произведуваат козјо и овчо млеко финансиската поддршка по литар предадено млеко е 4.5 денари по литар.

<

Со денешната транша ислатени се и средства за фармерите кои одгледуваат женски приплодни маторици. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 1.000 денари по маторица и 1.100 денари по маторица за сите земјоделски стопанства кои во фармата имаат од 6 до 50 маторици.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека АФПЗРР, до денеска исплати близу 5,9 милјарди денари за субвенции, што е 84% од средствата предвидени по Програмата за финансиска поддршка во земјоделство. Досега исплатени се субвенциите за лозарство, овоштарство, сточарство, полједелство, тутун, пчеларство, мали земјоделски стопанства, индивидуални земјоделци и останати мерки.

– Сите апликанти кои ги исполнуваа условите за добивање на финансиска поддршка, во еден ден и без никаква селекција, добија пари на нивните сметки. Таа политика и пракса ќе продолжи и во иднина, земјоделците заслужуваат да си ја добијат поддршката кога се во полн на берба или пак подготовка на површините за есенската сеидба. Средства за исплата на земјоделските субвенции има, земјоделците се наш партнер и затоа грижата за агро – секторот останува приоритет на оваа Влада. Агенцијата, министерството за земјоделство и Владата ќе продолжат да креираат поволни мерки и политики кои ќе помогнат за раст и развој на секторот земјоделство, вели Бачовски.
Пишува:Зелена Берза

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...