14.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаПадна и првата пресуда за случајот малата Тмара: Една година условна казна...

Падна и првата пресуда за случајот малата Тмара: Една година условна казна затвор за поранешната директорка на управниот одбор.

spot_imgspot_img

Условна казна затвор од една година доби поранешната претседателка на Управниот одбор на Фондот за здравство, Елена Трпковска. Ова е прва пресуда во случајот со малата Тамара Димовска од Велес, која пред повеќе од пет години почина, чекајќи државата да и овозможи лекување во странство.

Трпковска заедно со уште единаесетмина лекари од двете комисии кои одлучуваат за лекувања во странство како и тогашните директори на Фондот, беше обвинета за несовесно работење во службата. Сепак, од здравствени причини, судењето за неа беше одвоено.

Судијата Марин Станевски ја донел ваквата пресуда во која се условува поранешната претседателка на Управниот одбор дека ќе оди во затвор, ако во рок од три години направи ново кривично дело.

Според обвинението дванаесеттемина обвинети во октомври 2014 година и го повредиле правото на малата Тамара Димовска да се лекува во странство. Таа имаше сериозно искривување на рбетот.

Мајката на малата Тамара, Жаклина Димовска поднесе барање за лекување на нејзината ќерка. Комисијата го одби барањето и не дозволи лекување во странство, а двајцата директори на Фондот за здравствено осигурување ја прифатија одлуката на Комисијата и ставија свој потпис на решениетo.

Неколку месеци подоцна Тамара почина, а решението за лекување во странство стигна по нејзината смрт.

Телевизија 24 денеска контактираше со мајката на Тамара, Жаклина Димовска, но таа не сакаше да ја коментира пресудата.

Пресудата за Трпковска се уште не е правосилна и течат роковите за жалба. Процесот против останатите обвинети доктори и директори започна во јуни 2017-та и се уште не е завршен. Следното рочиште е в петок.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец

Насловна / Македонија Објавено на: April 26, 2024 Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец! Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби казино во тетовското село Лешок бил...

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...