19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаЗабаваГолубовиќ се пофали колку е храбар: Eден куршум ми помина низ косата...

Голубовиќ се пофали колку е храбар: Eден куршум ми помина низ косата па ги погоди шпагетите, а останатите куршуми ми поминаа покрај срцето..!!

Кристијан Голубовиќ дефинитивно е крал на „ловечките и рибарските приказни“ и постојано го прозиваат дека измислува најневеројатните сценарија што наводно му се случиле во животот. Неодамна, тој ги воодушеви сите со приказната за тоа како го претепал Зоран Костиќ Цане од Партибрејкерс, а со својата најнова приказна се надмина себеси.

Во емисијата, Народот прашува, Голубовиќ, за да им докаже на луѓето дека не го познаваат, бидејќи не доживеале тоа што тој го има поминато, раскажа како непознат маж испукал пет куршуми кон него, за време на неговиот ручек во Милано додека јадел шпагети карбонара
:https://youtu.be/bgQs6IFofYI

Кој дел од мојот живот вие сте го слушнале? И веќе се ловечки приказни. Знае тој кој доживеа со мене, јас да јадам шпагети, да влезе човек, да пука во менена на оддалеченост од еден метар, ми ја прекинува едната шпагета и ми кине парче коса овде. Ги искрши циглите позади мене, а јас стојам и велам: Човекот ми ја уби карбонарата, раскажува Голубовиќ.

Мојот пријател ме прашува: Брат, дали си жив? Јас му одговарам: Кретенот ме промаши. Ја пуштам вилушката и гледам, тука кај мишката три куршуми од магнумот 357. Ги испука сите пет куршуми, еден во шпагетите, еден во косата и три покрај срцето, веднаш до градниот мускул. Вака на еден метар и ми вели: Сега глуми го Љубо Земунац, бам, бам, рече Кристијан Голубовиќ во емисијата, Задруга – Народот прашува, за време на гостувањето кај Кенан Тахировиќ, кој од шок не можеше ништо да каже.
Извор Во Центар

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...