12.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев запали свеќа: Овој голем празник не повикува да си помагаме и...

Заев запали свеќа: Овој голем празник не повикува да си помагаме и да се надеваме на подобра иднина во нашата татковина

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

До сите православни христијани, како и до членовите на Синодот на МПЦ-ОА и до свештенството и монашките братства и сестринства, упатувам честитки по повод празникот – Успение на Пресвета Богородица, напиша премиерот на државата, Зоран Заев.

<

„Празникот на радоста и љубовта, со кои го славиме успението на Богородица во Царството Божјо после нејзината смрт, ни потврдува дека во димензиите на вечноста овие вредности се исто така – вечни.

Празникот нѐ потсетува и на тоа дека под притисок на минливите и дневни искушенија, да не забораваме да ги споделуваме овие вредности, љубовта и радоста, заедно со добрината.

Сигурен сум дека сите тие стануваат решливи доколку им приоѓаме со добрина, љубов и радост.

На тоа нѐ повикува и овој голем празник. Ова се времиња кога како добри луѓе треба да покажеме грижа за другиот, да си помагаме, меѓусебно да си пружиме рака и заедно да се надеваме на подобра иднина на сите нас, во нашата татковина.

Нека ни е честит празникот Успение на Пресвета Богородица“, напиша Заев на Фејсбук.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...