12.7 C
Ohrid
недела, мај 5, 2024
ПочетнаМакедонијаКолку училиштата се подготвени за настава со физичко присуство?!

Колку училиштата се подготвени за настава со физичко присуство?!

spot_imgspot_img

И покрај лошата епидемиолошка состојба со корона вирусот во земјава, Владата донесе одлука, наставата од први септември да се одвива со физичко присуство, секаде, освен во Тетово и Гостивар но само во средните училишта.

Комисијата за заразни болести ги утврди протоколите, но колку училиштата се подготвени да ги спроведат и почитуваат?

Дел од наставниците децидни – -На учениците и на наставниците местото им е во училница и тоа е неспорно. Но прашање е дали училиштата се подготвени за настава со физичко присуство?

На учениците и на наставниците местото им е во училница, тоа е неспорно. Сите ние тоа го посакуваме повеќе од било која друга опција. Но прашање е дали училиштата се подготвени за настава со физичко присуство? Веднаш да Ви одговорам – Не се. Можеби се оние со помалку ученици, во руралните средини, но не и училиштата кои имаат и по 1000 ученици – вели наставникот Гоце Бумбароски.

Протоколите за настава со физичко присуство предвидуваат задолжително носење заштитна маска, одржување дистанца, проветрување на училниците. Училиштето треба во функција да ги стави сите влезови, на сите вработени и на сите ученици им се мери температура при влез. Учениците од различни паралелки не треба да се мешаат, а забрането е влегување на родители и старатели.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...