11 C
Ohrid
сабота, мај 11, 2024
ПочетнаМакедонијаКовачевски загрме: Русија веднаш да ги повлече војниците од Украина

Ковачевски загрме: Русија веднаш да ги повлече војниците од Украина

Обраќање на премиерот Димитар Ковачевски на 77. Генерално собрание на Обединетите нации

Со непредизвиканата агресија врз Украина, Руската Федерација флагрантно ја прекрши Повелбата на Обединетите нации, како и на нормите и принципите на меѓународното право, оцени премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето пред присутните на 77. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк.

Ковачевски рече дека агресијата не може да се оправда, ниту да се релативизира.

„Руската Федерација мора веднаш да ја прекине агресијата и да ги повлече своите трупи од Украина“, рече тој.

Со тоа, според него, ќе се отвори патот за дипломатско решение на конфликтот.

Ковачевски се осврна и на неизвесноста во снабдувањето со храна и енергија во светот, која, како што рече, „ќе ги продлабочи разликите на глобално ниво меѓу богатиот Север и сиромашниот Југ и ќе доведе милиони луѓе на работ на основна егзистенција, дури и во опасност од глад“.

Затоа, тој побара меѓународна солидарност за надминување на проблемите.

„Ефектите ќе ги почувствуваме сите – и економски повеќе развиените и помалку развиените држави. Мора да се извлечат искуствата од пандемијата – дека меѓународната солидарност не е добро да се води од тоа дали е потребна меѓу развиени или помалку развиени држави, ако сакаме да спречиме отворање нов предизвик од растечко граѓанско незадоволство на глобален план“, рече Ковачевски.

Тој зборуваше и за борбата со тероризмот, бегалскиот бран предизвикан од конфликтот, како и климатските промени и природните катастрофи предизвикани од нив.

Русија ја почна инвазијата врз Украина на 24 февруари, а западните земји воведоа жестоки санкции против Москва. Од вчера, во четири делумно окупирани региони во Украина, проруските сили организираат нелегални референдуми за приклучување кон Русија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

10 лица од Непал вработени во тетовски ресторан преку ноќ побегнале !!

Вчера во 13.30 часот во СВР Тетово, Б.И.(29) од тетовско Долно Палчиште, менаџер во угостителски објект во Тетово, пријавила дека од објектот се оддалечиле...

37-годишен скопјанец го запалил мостот „Беласица“,

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека е поднесена кривична пријава за пожарот на мостот “Беласица”. - На ден 11.05.2023 година на ул....

Џафери ја повика Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата

Техничкиот премиер Талат Џафери ја повика градоначалничката Данела Арсовска, што поскоро да нареди косење на обраснатата трева во кругот на владината зграда. Тој објасни...

УШТЕ ЕДНА ОСТАВКА ПО ПОРАЗОТ: Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Во искреното соочување со причините за изборниот пораз е нашата прва победа. Тоа е најмалку што им го должиме на сопартијците, на симпатизерите и...