11.7 C
Ohrid
четврток, март 13, 2025
ПочетнаМакедонија15-годишно девојче од Битола гордо го виори македонското знаме и ги собира...

15-годишно девојче од Битола гордо го виори македонското знаме и ги собира сите награди надвор од Македонија (Видео)

spot_img

15-годишната Теодора Мицевска од Битола е девојче со ангелски глас. На јавноста и стана позната по прекрасната изведба на песната “Вечниот Бог” во пресрет на минатогодишниот Божик, но Теодора зад себе има и голем број успеси и награди од светски и интернационални фестивали како единствен претставник од Македонија.

<

Со пеење се занимава од својата десетта година и каде и да се појави досега освојува гранд при награди.

Од 24 до 31 август Теодора ја претставуваше Македонија на фестивал во Бугарија, каде освои две први места и беше победник во номинацијата фолклор.

-За мене ова доживување. Беше нешто што во мене уште повеќе го разгори огнот на љубовта за изворната стара музика. Фестивалот се одржуваше од 24 до 31 Август. Атмосферата беше прекрасна, настапував во категоријата фолклор. Имаше учесници од целиот свет. Конкуренцијата беше голема, ама успехот излегува на виделина. Исто така добив награда за најубав костим на целиот натпревар. Настапував со едни од моите најомилени песни “Зајди Зајди” и “Изглегов да се расшетам”, кои ги испрезентирав со солзи во очите. Осумчленото жири беше воодушевено и со солзи во очите го поздрави мојот настап, со што ми дадоа голема желба и мотив за понатамошни натпреварувања. Иако ова ми беше едно од многуте натпреварувања што ги имам поминато, сепак кај мене остави сентиментално приврзување за прекрасното настапување, вели Теодора.

Видеото може да го погледнете тука Маркукуле

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Намален бројот на работниците во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во јануари годинава, во однос на јануари лани е намален за 3,5 %, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по...

Денес се навршуваат 90 години од смртта на големиот научник и инвентор, Михајло Пупин.

Денес се навршуваат 90 години од смртта на големиот научник и инвентор, Михајло Пупин. Со корени од Вевчани, Пупин остави неизбришлив траг во светската...

Можно е осомничените кои набавувале сомнителен мазут да одговараат и за екоцид

Осомничените за незаконската набавка на канерогениот мазут веројатно ќе одговараат и за екоцид. Истрагата која е активна само еден ден, допрва ќе покаже дали...

Црна Гора отпаѓа: Европскиот Парламент ќе отвори канцеларија во Албанија

Eвропскиот Парламент(ЕП) отвора канцеларија за Западен Балкан во Албанија. Тоа го потврди и албанскиот премиер Еди Рама и најави голем самит на НАТО на...