4.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаВистинска драма во Штип, Полицијата го приведе јутуберот Ритко, влегол во училница...

Вистинска драма во Штип, Полицијата го приведе јутуберот Ритко, влегол во училница снимал и навредувал девојчина !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Драма се случила утрово во средното електро-машинско учулиште „Коле Нехтенин“ во Штип. Битослкиот јутјубер Ритко скришно влегол во училиштето, ги снимал учениците и со вулгарни зборови ги нападнал ученичките. Скандалозното однесување на Ритко било пријавено во полиција, но додека да дојдат тој низ прозор од училница побегнал. Полицијата со неговите придружнци го фатила на друга локација, кога малтретирале друг човек и му го прегледувале гепекот од автомобилот.

<

ММС од очевидци дознава дека Ритко со уште неколкумина за да влезе го искористил големиот одмор, кога вратата се отворени, бидејќи учениците мора да излезат за да се дезинфицира. Пред крај на одморот тој и уште неколкумина со него, заедно со учениците скришно влегол во школото. Влетал во првата училница и почнал да ги снима децата.

-Кога влегол кај учениците им рекол „јас сум градоначалник на школото“ и потоа со вулгарни зборови се обратил кон ученичките. Од школото веднаш повикаа полиција. Не можеше да избега преку вратата бидејќи по завршување на големиот одмор вратата вендаш автоматски се заклучува, па тој заедно со неговата дружина скокнал преку прозор од една од училниците, а потоа преку дворот ја прескокнале оградата висока две метри и со шипки, велат наши извори.

Настанот ни го потврди и директорот на училиштето, кој за ММС изјави дека полицијата веќе го расчистува случајот.

-Го искористиле моментот на голем одмор, влегле меѓу учениците. Веднаш е реагирано, повикавме полиција. Влегол во училницата, која прва му дошла, лажно се претставувал како наставник, навредувал и потоа побегнаа преку прозор од кабинетот за угостителство. Се случи три минути пред да заврши големиот одмор. Навредувал и ученички, кои потоа дадоа изјава пред полицијата. Во школите се работи по протоколи и затоа брзо реагиравме. Дежурните наставници реагираа и многу брзо дојде полиција. Но, за минута се направи инцидент, вели за ММС директорот Дејан Павлов.

Очигледно дека ова не било доволно за Ритко и уште неколкумина со него, па откако побегнале од школото малтретирале возрасен човек на пат, каде и ги уапсила полицијата.

ММС се обрати и во СВР Штип од каде исто така ни го потврдија настанот.

-Денеска (14.09.2021) од страна на полициски службеници во Полициската станица Штип приведени се Р.М.(21), Д.Д.(20), О.Ш.(21) и еден малолетник сите од Битола, бидејќи во 09.20 часот во просториите на средно општинско училиште во Штип неовластено влегле и се задржале, а во кое не се ученици, постапувајќи спротивно на чл.26 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Запознат е Јавен обвинител и од страна на СВР Штип се прибираат докази и преземаат мерки и за целосно расчистување и комплетирање на кривичното дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство“ казниво по чл.298 од КЗ, велАТ ОД свр Штип.

Ритко се смета за е познат јутјубер, а видеата ги постира на Јутјуб и на Инстаграм. Дел од нив е со вулгарни зборови.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...