13.9 C
Ohrid
сабота, мај 10, 2025
ПочетнаМакедонијаГраѓанските здруженија бесни: Веднаш да се спроведе решението за отстранување на дивоградбите...

Граѓанските здруженија бесни: Веднаш да се спроведе решението за отстранување на дивоградбите во Градиште

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Општинскиот градежен инспекторат веднаш да го спроведе решението за отстранување на дивоградбите во Градиште, кое го донесе по вонреден инспекциски надзор во автокампот, пред цели 4 месеци-апелираат од здружението на граѓани “ Оревче .“

<

„Иако вонредниот инспекциски надзор е направен на 19-ти и 20-ти мај,градежниот инспекторат од Охрид решението го издава еден месец подоцна.Во решението стои дека во рок од 30 дена ќе мора да се отстранат нелегалните објекти во Градиште.Значи крајниот рок беше 22 јули, а сега сме 18-ти септември, решението воопшто не е спроведено“ – изјави Адријана Башоска “Здружение на граѓани „Оревче“.

Во решението на општинскиот градежен инспекторат стои дека му се наредува на правниот субјект ‘’МКМ Нова Трејд’’кој стопанисува со Градиште, да ги отстрани металните и дрвени настрешници, метални столбови, армиранобетонските плочи на 15 градби од кои 8 се времени објекти во вкупна бруто површина од 431метар квадратен-дел од нив во прва линија од езерото-стои во решението. На одредени локации се затекнати и приклучоци за водоводна мрежа, канализациона мрежа и електрична енергија. Се наведува и декасубјектот кој стопанисува со автокампот „Градиште“ не поседува одобрение за поставување на времени објекти, решение за изведба на платформи изведени од дрвена и метална конструкција и решение за изведба на настрешници кои се поставени над автокамп приколките. Констатираната моментална состојба е надвор од сите одобрени проекти и законски прописи но и покрај ова, во Градиште сеуште не се споведува акција за отстранување на дивоградбите на имотите кои пештанци 20 години безуспешно се обидуваат да си ги вратат со процесот на денационализација.

„Постојано се носат пресуди во наша корист, меѓутоа за жал корумпирани службеници не ги спроведуваат пресудите на Управен суд кои што се задолжителни.Инспекцијата не само што ќе мора да ги отстрани тие нелегални објекти во Градиште, ќе мора да утврди и од кои матерјали се изработени контејнерите кои се поставени на армирани бетонски подлоги, бидејќи видовме што се случи во Македонија“ – додава Башоска.

Пештанци уште во месец мај алармираа дека на 36 локации вострого заштитен појас на автокампот Градиште се врши узурпација на земјиштето на кое се прават објекти од цврста градба со поставување на т.н. контејнер куќи погодни за живеење.Тврдат дека контејнер куќите се налик на објектите од модуларните болници и стравуваат истите да не се запалат.

Од општинскиот испекторат се правдаат дека не можат да ги отстаната дивоградбите, бидејќи правниот субјект кој стопнисува со Градиште, поднел жалба до државната комисија од втор степен која пак и сеуште не се признесла по истата.

Извор: Алфа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Собрани над 10.000 евра од концертот на Тамара за настраданите во Кочани

Тамара знае како! Со музика се обединува и помага! На хуманитарниот концерт во МКЦ, Тамара Тодевска и нејзината публика собраа над 10.000 евра за...

Турскиот убиец во Штип дошол од Адана специјално за крвна одмазда

Турскиот убиец во Штип дошол од Адана специјално за крвна одмазда. 21 годишниот турски државјанин К.К. во Штип дошол специјално од Адана поради крвна одмазда. Ова...

Малолетна скопјанка им дала 25.000 евра на соученици за да не го тепаат нејзиниот болен брат

Долготраен притисок и закани Шокантен случај на уцена и психолошка тортура во основно училиште во Скопје. Малолетна ученичка од скопската населба Бит Пазар била жртва...

„Мојот татко ни се заканува дека ќе нè убие“: Прво интервју на внукот на Зоки Фаци

Хајп.мк“ ексклузивно разговараше со Дарко Митровиќ, внукот на Зоки, кој ја сподели болната вистина. „На први мај добиваме телефонски закани, закани по живот, за жал...