26.9 C
Ohrid
среда, јули 16, 2025
ПочетнаМакедонијаПочина бездомникот Маријан, чие лекување ДНК се понудија да го платат- Панчо...

Почина бездомникот Маријан, чие лекување ДНК се понудија да го платат- Панчо „распали“ по институциите: „Човечкиот живот го вреднуваат со нула“!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вчера, четврток 23 септември објавивме дека Панчо и Андреј од ар-ен-би дуото „ДНК“ уште еднаш покажаа дека се многу повеќе од „само забавувачи“ туку пред сѐ хумани луѓе, подготвени секогаш кога треба да помогнат.

<

Така, двајцата естрадни уметници понудија помош во лекување на напуштеното и оставено во лоша здравствена состојба бездомно лице, легнато на афалтот крај жичената ограда, во полубесознание, со очигледно нарушено здравје и животнозагрозувачки функции, оставено само да умира среде центарот на Скопје. Без никој да му пријде, погледне, помогне, пружи соодветна нега и помош… Тажно јадно и бедно, нехумано, нечовечки… Очајна слика на „распадот на системот“ во кој се изгубени сите човечки, етички и морални вредности, во кој човечкиот живот вреди помалку од кучешкиот.

Панчо јавно се огласи на својот Фејсбук профил опишувајќи ја ситуацијата, нудејќи ја својата и помошта на неговиот музички ортак за лекување на нивна сметка на човекот, но и прозивајќи ги власта и институциите на државата кои се толку инертни, што додека реагираат може да биде доцна, зашто лицето е речиси на работ.

За жал, додека „инертните институции“ на „килавиот систем“ реагираат, бездомникот починал, а Панчо со жалење, лутина и гнев во попладневните чесови ја обзнани лошата вест одново преку својот Фејсбук профил на социјалните мрежи.„Туку што добив информација дека господинот Маријан Петковски предмалку починал. Уште еден голем показател во какво труло и поделено општество живееме и какви поделби на класни разлики сеуште постојат во 2021. Уште пострашно е тоа што човечкиот живот го вреднуваат со НУЛА и без пари си само обичен смртник. Срамота за цел здравствен систем. Лесна му земја на Маријан и фала на сите оние кои се понудивте за финансиска помош. Оние кој веќе ми испративте истите може да ви ги вратам или да ги дадеме на семејство или поединци на кои навистина им е потребна помош“ – споделил Панчо.

Уште еден изгубен човечки живот, уште една длабока и болна рана во општественото ткиво, заради инертноста на неговите институции. Нов срам за социјално-здравствениот систем менаџирани од крајно неспособната власт предводена од владата на СДСМ и премиерот Заев.

vistina.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицаец им продавал дрога на затворениците во Идризово.

На 15.07.2025 во Полициската станица Гази Баба, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен...

Биди и ти полицаец: Оглас за нови 150 полицајци.

Јавен оглас за прием на 150 нови полициски службеници БИДИ ПОЛИЦАЕЦ - Огласот за прием на 150 нови полициски службеници е во тек, биди и...

Со потврда од матичен лекар, невработените до четврток можат да се пријават за гаснење пожари

400 невработени лица за помош при гаснење пожари на Владата е отворен до четврток, потсети денес Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и...

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...