14.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаСветШвајцарија в недела гласа за истополови бракови и посвојување деца

Швајцарија в недела гласа за истополови бракови и посвојување деца

spot_imgspot_img

Швајцарските гласачи ќе одлучат в недела дали ќе им дозволат на истополовите двојки да се венчаат и да посвојуваат деца, по напнатата кампања меѓу ЛГБТ активистите и конзервативците во една од последните западноевропски земји кои уште ги забрануваат ваквите бракови.

Федералната влада и парламентот дозволија граѓански бракови за истополови двојки, но противниците на одлуката повикаа на референдум за ова прашање.
Во Швајцарија, земја со околу 8,5 милиони луѓе, веќе донесените закони може да се оспорат на референдум по собирање на 50.000 потписи. Предлозите што треба да го сменат уставот бараат 100.000 потписи.

Истополовите бракови во Швајцарија ги поддржуваат 63 проценти од испитаниците..
зачуван

Противниците на истополовите бракови во провокативната кампања користеа слики од расплакани деца и зборовите „робови“ напишани над бремените стомаци на жени со африканско потекло, алудирајќи на сурогат мајчинство што е нелегално во Швајцарија.

Застапниците на ЛГБТ бракот, од друга страна, носеа транспаренти во боја на виножито на кои пишуваше „Да, те земам“ на парадите на гордоста во Цирих и Женева.

Анкетата на телевизијата SRG покажува дека истополовите бракови во Швајцарија ги поддржуваат 63 проценти од испитаниците, а против се 35 проценти. Овој тренд е во корист на противниците, бидејќи минатиот месец односот беше 69 спрема 29 проценти.
Корин Гунтер и Анук Освалд, жителки на Цирих, рекоа дека референдумот претставува важно прашање за нив како двојка од ист пол.

„Сакам да бидам во можност да изберам за себе дали сакам да се омажам за оваа партнерка и дали тоа е вистинскиот начин за создавање семејство“, рече 30-годишната Освалд.

„Важно е да ѝ покажете на помладата генерација дека нема потреба да се крие.

Гунтер, исто така, 30-годишна, рече дека е неправедно жените да можат сами да посвојат дете, но не и двојки од ист пол.

„Се разбира, на детето му треба сигурност и љубов“, смета Гунтер, но нагласува дека нема разлика дали детето прима љубов од машко-женска двојка или од хомосексуален пар.

Што ќе се смени?

Истополовите двојки можеа да склучат граѓанско партнерство од 2007 година, и им беше дадено правото да ги посвојат децата на своите партнери во 2018 година.

Измената на законот ќе им овозможи на двојките од ист пол да посвојуваат деца на ист начин како и хетеросексуалните парови.

На брачните лезбејски парови ќе им биде дозволено да оплодуваат со донации на сперма, кои во моментов се легални само за хетеросексуални парови. Новиот закон ќе ги признае двете жени како родители на детето од раѓање.

Противниците на законот тврдат дека ова ги лишува децата од нивниот татко.

„Утре детето во Швајцарија ќе има мајка, но само ‘втор родител’ наместо татко. Таткото е избришан од граѓанскиот законик, тоа за мене не е прифатливо“, вели Оливие Дехаут, член на референдумот комисија која се противи на предлогот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец

Насловна / Македонија Објавено на: April 26, 2024 Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец! Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби казино во тетовското село Лешок бил...

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...