26.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаСветЧленови на СЗО силувале жени во Конго

Членови на СЗО силувале жени во Конго

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Светската здравствена организација (СЗО) е цел на сериозни обвинувања за сексуално насилство од страна на нејзините вработени врз десетици жени во Демократска Република Конго, а комисијата која го истражува случајот ги осуди „структурните пропусти“ и „индивидуалната негрижа“ на организацијата.

<

Сексуалната злоупотреба била извршена од членови на персоналот, домашни соработници, како и меѓународни членови на тимови задолжени за справување со епидемијата на ебола што ја зафати ДРК меѓу 2018 и 2020 година, наведуваат истражителите, кои испрашувале десетици жени на кои им била нудена работа во замена за сексуален однос или, пак, биле жртви..
Во воведот на извештајот на независната истражна комисија – формирана во октомври 2020 година од страна на генералниот директор на СЗО, Тедрос Адхан Гебрејсус, се дава мрачна слика за ситуацијата на теренот.

Комисијата утврдила дека „распространетоста на случаите на сексуална злоупотреба и експлоатација за време на борбата против десеттиот бран на ебола, што ја зголемила ранливоста на ’наводните жртви’, кои не ја добиле потребната помош што е потребна со такво понижувачко искуство“.

-Првото нешто што сакам да им го кажам на жртвите и преживеаните е дека ми е жал. Жал ми е за сето она што го претрпевте од луѓе кои беа вработени во СЗО и кои требаше да бидат на ваша услуга и да ве заштитат, рече Тедрос на прес конференцијата на која ги соопшти заклучоците на истражната комисија и од која најави остри казни за одговорните.

„Ова е тежок ден за СЗО“, призна генералниот директор, кој се кандидираше за втор мандат на чело на организацијата, што минатата недела беше поздравено од повеќето земји на ЕУ.

Комисијата идентификувала 83 наводни сторители, од кои 21 биле вработени во СЗО.
Пишува Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...