4.4 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаСи го пронајде синот после 40 години – Решен првиот случај на...

Си го пронајде синот после 40 години – Решен првиот случај на киднапирање на бебиња во СФРЈ

spot_img

Благодарејќи на ДНК анализата, Млаѓан Радивојевиќ од Долни Адровац кај Алексинац, Србија, по цели 40 години – откри која е неговата вистинска мајка. Оваа анализа го одведе и кај неговата сестра Марина Милојевиќ (46), која немаше поим дека има брат, со кого првпат се сретна по 40 години во Крушевац, пишува ММС.

Ова е епилогот од првиот решен случај на киднапирање на новороденчиња во осумдесеттите години од српските родилишта, што вчера на јавноста и го претстави Здружението за вистина и правда за исчезнати бебиња.

– Бевме упорни, баравме три години. Благодарение на тоа, ја видов мајка ми. Средбата беше трогателна – вели Млаѓан Радивојевиќ и ја опишува неговата лична потрага по неговиот вистински идентитет и потекло:

– Почнав да барам кога ми рекоа дека сум посвоен како дете. Истрагата не доведе до болницата во Крушевац, матичната служба и Здружението – вели тој.

Марина Милојевиќ, инаку мајка на две деца, пристигна во Крушевац со сопругот. Таа вели дека нејзината мајка не и кажала ништо за минатото, а дека има брат, дознала пред два дена.

Крајот на оваа филмска сага дојде, според здружението кое се занимава со потрага по исчезнати бебиња, по дури 15 анализи на ДНК, од кои последната покажала најблизок степен на сродство.

Претседателката на Здружението, Радиша Павловиќ, потсетува дека кривичната пријава за овој случај е поднесена во 2019 година, како и дека обвинителствата во Крушевац, Ниш и Алексинац не помогнале во решавањето на овој случај.

– Млаѓан и Марина се запознаа кога веќе имавме прелиминарни сознанија за резултатите од ДНК анализата, што потврди во четвртокот дека тие двајцата имаат иста мајка. Имаат и брат, но за жал тој одби да соработува – вели Павловиќ, додавајќи дека добил потврда за прв степен на сродство (родител -дете) од експерт од Институтот за судска медицина.

Павловиќ вели и дека мајката на Млаѓан и Марина е вознемирена и не сака да се експонира. Меѓутоа, таа го контактираше Здружението и побара темелно да се проверат сите елементи. Таа потврди дека родила здраво машко дете на 3 март 1981 година и дека неколку дена подоцна и било кажано дека бебето починало и дека може да си оди дома.

Павловиќ тврди дека Млаѓан бил киднапиран како бебе и незаконски посвоен, и дека во тоа учествувале четири државни институции и додава дека одговорност имаат четири министерства. Во овој процес, името на родителот при породување е измислено, мајката беше физички отстранета, а запишувањето во матичната служба било направено со фиктивни имиња, само еден ден пред физички да пристигне апликацијата.

Здружението на чело со Павловиќ останува со своето постојано барање за формирање на специјално обвинителство кое треба да ги испита сите случаи на исчезнати деца. Случајот со Млаѓан Радивојевиќ беше истражен од три обвинителства и пет полициски администрации.

Извор и фото: www.novosti.rs
Извор: ММС

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...