21.9 C
Ohrid
недела, август 3, 2025
ПочетнаМакедонијаОхридПецаков: Создаваме нова иднина- потребна е ревитализација на Студенчишко блато, ќе се...

Пецаков: Создаваме нова иднина- потребна е ревитализација на Студенчишко блато, ќе се изгради мултифункционално игралиште и ново училиште

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Немаме никаков отчет од ова што е правено до сега во општина Охрид, затоа кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт по 17 октомври ќе се смени сликата на Охрид, рече Кирил Пецаков, кандидат за градоначалник на Охрид на вечерашната дебата на Македонската телевизија.

<

„Разликата меѓу законодавна власт и локалната самоуправа е многу различна. Предизвикот е голем да се биде дел од локалната самоуправа, денес сакам да допринесам со свои идеи, проекти. Има неколку проекти кои ми се предизвик и кои се важни за Охрид тие се реконструкција на двата главни плоштади, ревитализација на Студенчишко блато, мултифункционално игралиште, и изградба на училиште“, рече Пецаков.

Тој посочи дека овие работи се неопходни бидејќи во градот ништо не е направено во периодот на СДСМ

„Принципот на кој делувавте покажа дека во се се согласувате или се согласувате со тоа што правело ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го покажавте со тоа што продолживте проекти од претходната локална самоуправа, ама тоа покажува дека ништо ваше не сработивте“, кажа Пецаков.

Според него во моментов сериозен предизвик е да се исполни и да се биде на патот на она што УНЕСКО го посочува за Охрид.

„Предизвик е спроведување на насоките од УНЕСКО, се разбира ако сакаме да го задржиме статусот на Охрид дивоградбите и нивното решавање се клучни. Тоа се актуелизира или овој проблем се актуелизира сега и да тие се проблем и треба да се реши ова, ама тоа ќе се случи кога ќе се решат деталните урбанистички планови. Тогаш ќе се реши и проблемот со дивоградбите“, рече Пецаков.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Адвокатот Шајн го извади Раста – патната исправа веднаш вратена !!

Српскиот рапер Раста, кој беше приведен во Охрид за време на концертот на Џејсон Деруло, е ослободен и си заминува за Белград – дознава...

Не успеа да се избори, почина Душко Чифлиганец

Почина Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, кој беше и во раководните структури на „Адора“, потврдуваат членови на семејството. По повеќе од...

Охриѓани спасија турист од давење кај Градиште.

Во близина на плажата Градиште, странски турист бил спасен од давење благодарение на брзата реакција на група охриѓани кои се наоѓале на глисер и...

22 годишен полицаец од Виница, се самоповредил со службениот пиштол во апартман во Охрид

Како што информира СВР Охрид, инцидентот се случил вчера во 12:22 часот. Имено, 22-годишен полициски службеник од Виница, кој бил сместен во апартман во една...