12.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаЈанев- Сме за решение но стоиме на нашата резолуција-Македонците се Бугари, а...

Јанев- Сме за решение но стоиме на нашата резолуција-Македонците се Бугари, а македонскиот јазик е само бугарски дијалект

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот на Бугарија, Стефан Јанев вели дека во однос на Северна Македонија, Владата во Софија има намера да го продолжи курсот што досега го водеше, односно да го заштити бугарскиот национален интерес на најдобар можен начин. „Нема да има промена на бугарската позиција, бидејќи e поставена од Народното собрание на Бугарија, земјата нема да биде уценувана“, вели Јанев и додава дека формулата ќе се најде по изборите што ги очекуваат Бугарија и Македонија

<

Според Јанев, бугарскиот национален интерес е поврзан и со интересот на другите нации во ЕУ.

„Но, не треба да се дозволи спорот меѓу две соседни земји да се пренесе во ЕУ. Бугарија мора да се фокусира на дијалог и постојан контакт, со властите во Република Северна Македонија да се бара решение во име на нашата заедничка иднина, коментираше премиерот Стефан Јанев, додавајќи дека треба „да не се закопаме во минатото, туку да бараме решение во иднината”, изјавил Јанев за БНТ, а пренесе МИА.

Бугарските тврдења, нагласува, се слушнати доволно добро и од македонска страна и од нејзините европски партнери.

„Бугарија сака нормален дијалог, сака да го запре јазикот на омразата, како и воспитувањето за омраза кон Бугарија. Сака и да го запре лошиот однос кон луѓето со бугарска самосвест во Северна Македонија. Така овие работи ќе се решат и ќе се најде вистинската формула“, коментира Јанев, додавајќи дека се надева дека ова ќе се случи во блиска иднина.

Според него, по крајот на октомври и ноември, кога има политички избори во Македонија и Бугарија, дијалогот ќе добие нова смисла.

„Нема да има промена на бугарската позиција, бидејќи тоа го постави Народното собрание на Бугарија, земјава нема да биде уценувана“, изјавил Јанев.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...