29.9 C
Ohrid
недела, август 3, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Ќе ги вратиме младите во Пехчево, со новите инфраструктурни проекти

Заев: Ќе ги вратиме младите во Пехчево, со новите инфраструктурни проекти

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на СДСМ денес го посети и Пехчево каде што разговараше со граѓаните и присуствуваше на промоцијата на кандидатот за град Пехчево – Славчо Пандурски и кандидатите за листата за советници.

<

Пред граѓаните претседателот Заев ги потенцираше успесите на владата предводена од СДСМ и рече: „Нашите кандидати за градоначалници и советници се понуда за модерните развојни текови, нивната се излитени кадри кои биле дел од централната или локалната власт во времето на режимот на Груевски. Ние градиме темелно, тие со промашени проекти. Ние планираме капитални проекти за долгорочен развој, тие мачкаат очи со стиропорни фасади кои се распаѓаат.“

„Нашите кандидати за градоначалници и советници се понуда за модерните развојни текови, нивната се излитени кадри кои биле дел од централната или локалната власт во времето на режимот на Груевски.“ додаде Заев.

Кандидатот за градоначалник Славчо Пандурски се обврза пред граѓаните дека ќе инсистира на враќање на младите во овој крај од Северна Македонија кој ги нуди сите потенцијали за развој посебно затоа што со новите инфраструктурни проекти кои се планирани Пехчево ќе биде могу поповрзано и урбанизирано и ќе биде вистинска општина на 21 век. Меѓу проектите кои се предвидени за Пехчево се и реконструкција на локалниот пат Робово – Умлена – Чифлик, регулација на дел од речното корито на Пехчевска река, реконструкција на патот Пехчево – Рaвнa река, уредување на просторот пред градскиот стадион и градските гробишта.

Претседателот Заев во Пехчево ја посети и фабриката „Фагус“, која е една од најуспешните компании во овој регион и е редок пример кој во периодот на најголемата криза со Корона вирусот не отпушти ниту еден работник и успешно го преброди кризниот период.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведен пијан 37-годишен Валандовец во Охрид.

На 03.08.2025 во 00:15 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид од слобода го...

Тешко повреден малолетник од Скопје – Скокал од пристаништето во Охрид во 5 часот наутро !!

На 02.08.2025 година во 05,35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека при скок од малото пристаниште во водите на Охридското езеро, со повреди...

Се огласија од СВР Охрид: Кај раперот Раста беше пронајдена опојна дрога !!

На 03.08.2025 година во 00,10 часот, на спортски стадион во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишија С....

Сопственик на локал во Виница физички нападнал полициски службеници додека вршеле контрола !!!

Нападнати полицајци при контрола во локал со малолетници и алкохол. Нападнати полицајци при контрола во Виница во објект кај Градскиот базен. 34-годишен угостител прво вербално,...