12.2 C
Ohrid
четврток, мај 15, 2025
ПочетнаМакедонијаПецаков: За жал, овие четири години власта ги остави плоштадите запустени и...

Пецаков: За жал, овие четири години власта ги остави плоштадите запустени и неосветлени.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Охрид, старото градско јадро и околните населби мора да се развиваат, но урбанизацијата мора да ги следи позитивните законски прописи, кажа на неговата прес конференција, Кирил Пецаков, кандидатот за градоначалник од Коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ. Урбанизацијата мора да се спроведува на начин што нема да ги доведе во прашање заштитата на архитектонската препознатливост и посебност на Охрид признаени од УНЕСКО, потенцира Пецаков.

<

Сите активности во иднина мора да се спроведуваат согласно законската регулатива, за да не се случува неконтролирана урбанизација на градот. Во насока на правилна урбанизација гарантираме промени, проекти, победи. Пред охриѓани се обврзуваме на: РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПЛОШТАДОТ „КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА“ и РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПЛОШТАДОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – кажа Пецаков.

Двата плоштади треба да добијат нов и модерен изглед, осветлување и канделабри, фонтана, клупи, канти за отпадоци и друга урбана опрема. Покрај нив, Пецаков посочи дека ќе се реконструираат и постоечките плоштади изградени во времето кога со Локалната самоуправа раководеше ВМРО-ДПМНЕ.

За жал, овие четири години власта ги остави плоштадите запустени и неосветлени. Од ,,проектите се во завршна фаза”, па ,,проектите се готови” и ,,е аплицирано за одобрение”, сега гледаме едно големо ништо. Јавните површини мора да добијат современ лик каков што му доликува на Охрид како главен туристички и културен центар – изјави Пецаков.

Пецаков ја побара поддршката од охриѓани, да го заокружат бројот 7 за победа уште во првиот круг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, за Градоначалник и ново советничко мнозинство.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сообраќајна незгода кај Извор-Кичево: Повредени патници во судир на „Голф 5“ и камионче

Сообраќајна незгода кај Извор: Повредени патници во судир на „Голф 5“ и камионче Денеска попладне, на регионалниот пат Кичево – Охрид, во близина на селото...

Гитаристот на ДНК, Горан Тонев: Колку што сум среќен за мојот живот, толку сум и тажен за моите пријатели !!!

Младиот гитарист на ДНК, Горан Тонев покрај Панчо и Ана е третиот член на бендот кој остана жив во пожарот кој ја зафати кочанската...

Бектеши, излезе од зад решетки и сега издржува куќен притвор

Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, осомничен во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, од вчеравечер е дома. Мерката ефективен притвор му е заменета...