6.1 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонија2021 година ќе ја помниме за жал само по лоши работи: Mногу...

2021 година ќе ја помниме за жал само по лоши работи: Mногу наши пријатели, актери, спортисти, музичари починаа во годината што измина..

spot_imgspot_img

Актери, режисери, пејачи, уметници – во годинава што изминува починаа многу познати македонски имиња кои оставија белег во своите професии. Македонската јавност беше изненадена, а на социјалните мрежи можевме да прочитаме како пријателите, колегите, обичните граѓани се простуваат од познатите кои починаа.

Годината почна неубаво, со смртта на познатиот виолинист и музичар Зоран Џорлев на 1 јануари. Маестро Џорлев почина на 53 години од компликации предизвикани од коронавирусот.

Истакнатата македонска актерка Сабина Ајрула-Тозија, почина на 75-годишна возраст во Скопје. Познатата глумица почина во март. Таа неколку месеци претходно беше оперирана од тумор на мозокот, откако ѝ се слошило на снимањето на една од епизодите на турската серија „Мафијата не го контролира светот“.

Од корона почина легендарниот музичар Зафир Хаџиманов. Легендарниот музичар, роден 1943 година во Кавадарци, долги години живееше и работеше во Белград. Тој беше оженет со пејачката и актерка Сенка Велетанлиќ, со која го има синот Васил Хаџиманов, познат џез-музичар.

Во 2020 година почина и легендарната ТВ и радио спикерка Бранка Станковска. Таа имаше 90 години, а почина во сон.

Актерот Славиша Кајевски трагично го загуби животот. Тој почина на 39 години. Јавноста со неверување се прости од актерот кој повеќе од десет години работеше во МНТ. Кајевски е роден на 1 февруари 1982 година во Скопје. Дипломира на Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’, на Факултетот за драмски уметности, во класата на професор Владимир Милчин, во 2005 година.

На 28 години почина македонскиот модел Филип Алексовски, член на модната агенција „Моделс ин“. Повеќе од десет години тој градеше успешна кариера во Македонија и регионот.

Станислав Длака од „Бис Без“, основоположник на македонскиот рокенрол, почина ненадеjно во Скопје на 81 година. Годинава починаа и Тони Баталков, танчар и поранешен директор на Балетот, во сон почина музичарот Денис Демиров, а на 45 години почина и џез-музичарот и професор по труба Александар Николовски.

Веста за смртта на нендејната смрт на ракометната репрезентативка Јулија Портјанко, ја изненади јавнноста. Таа почна на 38 години, откако ѝ се слошило во автомобил.„Нашата кометалка остави длабоки траги во македонскиот женски ракомет“, напиша Трифун Костовски, кој беше сопственик на најдобриот женски македонски ракометен клуб. Ракометниот свет беше потресен и од смртта на двајца млади ракометари, Марко Божиновски (20), кој почина во сон и Јован Николоски (17), кој загина во сообраќајна несреќа.

Од коронавирус почина актерот Љуран Ахмети, музичарот Гоце Талевски, саксофонистот Ице Атанасовски, хармоникашот Тодор Трајчевски, познатиот македонски актер Љупчо Тодоровски – Упа.

Годинава почина и кошаркарот Бранко Кацарски од златната генерација на Работички, актерите Хајрула Рамизи и Кирил Псалтиров, а и Лазар Николовски, битолската радиолегенда кој влезе во Гинис откако 22 дена водеше програма без спиење.
РЕПОРТЕР.МК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...