16.4 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаСимовски: За граѓаните што одбија попишување, ќе бидат покренати постапки !!

Симовски: За граѓаните што одбија попишување, ќе бидат покренати постапки !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Оние кои одбиле да се попишат сепак ќе влезат во пописната операција со споредба на останатите бази на податоци од државата. Но, за овие лица нема да бидат одговорени сет од прашања што вклучуваат етничка и верска припадност, како и мајчин јазик
Во моментов не можам да кажам точна бројка на оние кои одбија да се попишат, бидејќи треба да ги собереме сите податоци од колегите од терен. Меѓутоа, тој број е минимален. Имаше доста обиди на почетокот, но со сите тие луѓе одевме разговаравме повеќепати и најголемиот дел од тие домаќинства и граѓани одлучија да се попишат, вели директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, во вечерашното гостување на „360 степени“.

<

„Во секој таков случај направен е записник односно изјава од страна на попишувачот и во сите тие случаи ќе покренеме постапка“,

рече Симовски.
Тој образложи дека и за оние граѓани што одбиле да се попишат со вкрстувањето на останатите бази ќе се покажат основните податоци и тие ќе влезат во конечната статистика.

„Овој попис за првпат е спроведен со комбиниран метод на попишување, а тоа значи попишување на терен, но и користење на податоци од базите што ги подготвивме за оваа намена. тоа се седум бази на податоци кои се споени во една и во која со голема точност да констатираме дека одредени лица се тука присутни и треба да бидат дел од оваа операција. На пример, ако едно лице е вработено го има во базата на Агенцијата за вработување, Управата за јавни приходи, но и во Фондот за пензиско осигурување и ако тоа лице редовно секој месец уплаќа даноци и придонеси и стои дека е тука вработено нема сомнение дека е присутно. Можеби од повеќе причини не било попишано или пак одбило да биде попишано, но за такво лице ние имаме огромен фонд на податоци“,

рече Симовски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...