27.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаАјде сите заедно да ја вратиме насмевката на малечката Емилија од Струмица.

Ајде сите заедно да ја вратиме насмевката на малечката Емилија од Струмица.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кон крајот на месец јули, по четири дена треска, малото девојче од Струмица, Емилија наеднаш додека седеше во детската соба со нејзината сестра близначка, имаше епилептичен напад, веднаш беше пренесена во болницата во Струмица, од каде со амбулантно возило беше префрлена на Универзитетската детска болница во Скопје. Таму и беше дијагностициран вирусен енцефалитис, предизвикан од вирусот Западен Нил од каснување од комарец.

<

Поради брзо и прогресивно влошување на нејзината здравствена состојба, таа беше префрлена на интензивна нега и мораше да се стави во медицинска индуцирана кома. По нешто повеќе од еден месец на интензивна нега, нејзината состојба беше стабилизирана, но таа остана со изменета свест, без визуелен контакт, неспособна да голта и да се храни, губење на говорот и отежнато движење.

Според лекарите итно и е потребен невролошки третман за рехабилитација, интензивна работна терапија, интензивна физикална терапија и рехабилитација во центри специјализирани за пациенти во таква состојба, кои не се достапни во Македонија. Македонските лекари препорачаа да се бараат такви болници во Турција, Словенија или Германија. Неколку болници негираа да ја прифатат или поради состојбата во која се наоѓа или поради пандемијата COVID-19.

Пред два дена, таа беше пренесена во болницата „Аџибадем“ во Истанбул, Турција и во моментов се во тек испитувања…

Да и помогнеме на малата Емилија… Донирајте на следниот линк >>>

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...